Македонија во „златна средина“ по кредитирањето на приватниот сектор во регионот
Објавено во: Економија 31 Јули, 2018
Според податоци од Светската банка, Македонија во регионот се наоѓа во „златна средина“ по задолженоста на поединците и претпријатијата кон приватните банки. Кредитите кои приватниот сектор во 2017-та изнесуваат 49,4 отсто од нашиот БДП.
Задолженоста е поголема од Србија (43 отсто), Албанија (43 %) и Словенија (44,8%), додека помала е од БИХ (54%), Бугарија (52%) и Хрватска (57,7%).
Во најразвиените европски економии сепак кредитирањето кон приватниот сектор е повисоко. Во 2017 година во Австрија заемите на финансиските институции биле 84 проценти, а во Франција 101,6 отсто од БДП. Во Германија кредитите се 77 отсто од германскиот БДП.
За анализата на позицијата на Македонија може да се прочита овде.