Македонија тагува, бројот на загинати се искачи на 14: Утре и задутре денови на жалост
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2019
Седуммина загинале на лице место на несреќата, 37 се хоспитализирани во 9ми Септември а шест таму починале додека едно лице починало во болницата Свети Наум Охридски, објавија официјално надлежните по несреќата која се случи кај Гостивар.
Владата на итна седница донесе одлука утре и задутре, 14 и 15 февруари да бидат прогласени за денови на жалост.
Во моментов не се идентификувани сите жртви, кажа премиерот Заев.