Добивај вести на Viber
Во изјавата дадена за српските медиуми Душан Бајатовиќ, открива дека покрај новиот автопат Ниш - Косово ќе биде проектиран и гасовод кој ќе го снабдува Косово и веројатно изградба на крак кој ќе биде за снабдување на Македонија.
Генерелниот директор на Србија Гас потврди дека се обезбедни средства за експропријација на земјиштето потребно за изградбата на Јужен поток и гасоводот.
- Во регионот ќе има голема трка за изградба на гасни централи и сите сметаат на евтин гас затоа и Хрватска и Република Српска и БиХ конкурираа за изградба на централи. Србија сака да конкурира со изградба на четири, вели Бајатовиќ.
Првиот човек на Србија Гас, тврди дека веќе е започната изградбата на пристапни патишта, изградбата на компресорските станици и дека се работи на логистика.
Според информациите од Бајатовиќ на крајот на месецов во Србија ќе пристигне и директорот на Гаспром, Алексеј Милер кога е планирано да бидат спроведени завршните раговори и да се прецизираат деталите како и цената на гасот.