19 Мај, 2024
0.0308

Македонија останува лидер во Европа со најголем број млади луѓе без работа

Објавено во: Економија 28 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

На Македонија и требаат 30 години за да се приближи до животниот стандард на Европската Унија, но само ако земјата остварува натпросечен раст. Во следниве години економскиот раст на Македонија треба да досигне 4,5 отсто, а на земјите во Унијата да биде 0,5 отсто. Ова е наведено во последниот извештај на Светска банка. Во однос, на невработеноста Светка банка забележува намалување, но сепак Македонија останува лидер во Европа по невработеноста на млади луѓе. Во извештајот е потенцира дека јавниот долг на државата е дуплиран од 2008 година и има тенденција на раст во иднина. За покривање на буџетски дефицит, според буџетот за 2016 година, владата планира да ја издаде 4-та по ред еврообврзница. Според Светската банка Македонија се уште има простор да се задолжува, но поважно е прашањето за што се трошат парите од задолжувањето. „Најбитно е за што се задолжувате. Ако земјата се задолжува за отворање нови работни места и зголемување на економскиот раст, тоа е продуктивно, но ако се задолжува за плати во јавниот сектор, тоа секако не е“, изјави директорот на канцеларијата на Светската банка во Македонија, Горан Тиниќ. Светската банка сугерира власта да ја забрза економската активност и фирмите да пораснат барем за 6 отсто. Покрај, тоа дека неопходно е да се создаваат нови работни места во приватниот сектор, бидејќи е забележано дека БДП по жител сега е само една третина од европското ниво. Главни предизвици на земјава, од Светката банка се посочени решавање на политичката криза, структурни реформи, намалување на фискалниот дефицит, ефикасност во трошењето, намалување на сиромаштијата и невработеноста.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа