Македонија може да стане единствена земја каде потрошувачите не можат да одберат снабдувач на електрична енергија
Објавено во: Економија 08 Октомври, 2015
Mакедонија може да биде единствената земја без либерализиран енергетски пазар. Домаќинствата се принудени да останат во заробеништво до 2020 година, стои во Извештојот на Европската енергетска заедница. Таму се потенцира дека земјава стагнира во реформите во енергетскиот сектор.
„Во секторот на електрична енергија, земјата сега може да да биде и единствена во Европа, каде што на клиентите им се негира право да го изберат својот снабдувач, клучен принцип на правото на ЕУ. Има некои симпатии за фрустрацијата на земјата со нејзиното искуство во процесот на пристапување во ЕУ, Секретаријатот ќе обиде да се вклучи со Владата во конструктивен дијалог во насока на надминување на сегашната состојба.“ велат од Европска енергетска заедница.
Енергетската заедница сугерира дека е неопходно да се донесе нов закон за отворање на пазарот и ефикасна регулаторна моќ и независност.