07 Мај, 2024
0.0240

Утрово кон Косово извезени значајно помалку тони земјоделски производи

Објавено во: Економија 20 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

30 тони или 3 камиони со по десетина тони земјоделски производи извоз е направен денеска за Косово до 11 часот. Споредбено пред воведување на мерките од Косово во истиот период имало извоз на околу 100 тони земјоделски производи.

Ова го посочија од царина од каде велат дека на граничниот премин Блаце нема застој на камиони.

Министерството за земјоделство информираше дека доколку Косово не ја повлече одлуката Македонија ќе преземе мерки за заштита на домашното производство.

Од таму потенцираа дека министерот Љупчо Николовски, е во постојана комуникација со ресорните министри од регионот со цел да се реши проблемот со воведените зголемени царини од страна на Косово.

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за економија испратиле и допис до ЦЕФТА, ЕУ и до Владата на Косово, во кое како што велат барале повлекување на одлуката на Косово за зголемување на царините за увозното овошје и зеленчук. 

Зголемените царини стапуваат на сила од денеска а се однесуваат пред се на зеленчук и овошје.

Косово од Македонија најмногу увезува јаболки, пиперки, грозје (кое не е на листата) домати, друг вид пиперки, кромид, краставици, зелка, а само вчера поради царините не се откупени 100 тони зеленчук и овошје.

Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката