18 Мај, 2024
0.0273

Македонија ги отвора вратите за српскиот динар – кои се придобивките?

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Од 1 ноември, српскиот динар ќе биде на курсната листа на Народната банка, но и македонскиот денар ќе се најде на курсната листа на Народната банка на Србија. Ова е „ветер во грб“ за унапредување на соработката меѓу двете земји.

Српските граѓани во земјава ќе можат да ја менуваат својата валута за денари. Таква можност претходно имаа во Куманово, но сега и во други градови ќе можат да заменат динари во денари.

Од Народната банка велат дека одлуката која Советот ја донесе на 13 октомври 2022 година, нуди многу поволности за граѓаните од двете држави.

„Со воведување на српскиот динар на Курсната листа на Народната банка, и во согласност со точка 4 од Одлуката за начинот и условите за купување и продавање на странски платежни средства, создадена е можност за купување и продажба на оваа валута на девизниот пазар во Република Северна Македонија. Следствено, и имајќи ја предвид Одлуката за менувачки работи и Упатството за спроведување на одлуката за менувачки работи, согласно којашто „овластениот менувач може да купува ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски валути и да продава ефективни странски пари што гласат на странски валути коишто се предмет на купопродажба на девизниот пазар во Република Северна Македонија“, е создадена можноста и за воведување на српскиот динар во менувачкото работење од страна на банките и менувачниците. Согласно точка 17 од оваа Одлука овластениот менувач е должен да објави курсна листа на куповни и продажни курсеви на валутите коишто ги купува и ги продава односно самостојно ја утврдува курсната листа и може да ја менува во текот на денот“, велат од Народна банка.

Додаваат дека се отвораат можности за поедноставување на економската соработка и се дава поттик на економските субјекти во интензивирање на трговските и финансиските текови меѓу двете земји, имајќи предвид дека Србија е еден од позначајните трговски партнери на Македонија.

„Истовремено, може да се очекуваат и поволни ефекти и во поддршка на услужните дејности, со оглед дека е значен бројот на туристи од оваа наша соседна држава. Со Одлуката на резидентите ќе им се овозможи поефикасно извршување на платни трансакции со Србија преку можност за директна конверзија на српски денари во денари и обратно без претходно претворање во евра, а воедно се поедноставува постапката за сметководствено искажување на побарувањата и обврските изразени во српски динари“, наведуваат од Народна банка.

Дел од менувачниците во земјава, посебно во Куманово и досега располагаа со српски динари, кои граѓаните ги купуваа поради честите патувања во соседна Србија, каде одат за посета на роднини, но и на шопинг.

„Бидејќи е ставен на курсната листа на Народна банка, ние од 1 ноември ќе имаме српски динар, а верувам дека повеќето менувачници во Скопје ќе работат со динарот. Тоа ќе биде многу корисно за туристите кои доаѓаат, но и за нашите граѓани кои одат во Србија“, велат од менувачницата Еуро-марфи од Скопје.

И од охридските менувачници додаваат дека од 1-ви идниот месец ќе имаат српски динари. За нив потегот на Народна банка е добар, затоа што преку цела година имаат гости од Србија, и практично е тие да можат во секоја менувачница да ја конвертираат својата валута.

„Ние ќе имаме српски динар од 1-ви ноември. Имаме туристи од Србија во текот на цела година, и сега има гости од оваа земја во градот. И претходно го барале динарот, но и наши граѓани патуваат во Србија, и тоа секако е корисно“, објаснуваат од менувачницата Бум од Охрид.

Во Битола и досега граѓаните повремено можеле да најдат српски динари во менувачниците.

„Сме го имале, сме го откупувале, сме работеле со српскиот динар и понатаму ќе го има во градов“, велат од менувачницата „Ќеле“ од Битола.

Во Велес, Гостивар, Кавадарци, Струмица, Прилеп, Штип многу ретко имало побарувачка за српски динари. Од велешка менувачница велат дека за 3 децении, два пати само се случило некој да бара динари. Во Тетово и претходно во некои менувачници работеле со српски динари. Од гевгелиска менувачница објаснуваат дека инцидентно се случувало некој да побара српски динари, валута која ја немале, и обично се работело за мала сума на пари. Ако увидат дека има побарувачка, секако ќе работат со српската валута.

На истата тема ги прашавме и српските менувачници, дали планираат да продаваат македонски денари, при што оние од северна Србија, велат дека кај нив македонскиот денар не го бараат, но додаваат дека сликата е поинаква во јужна Србија, каде нашата валута ќе биде присутна. Економистите во двете земји како позитивно го оценија внесувањето на српскиот динар на нашата курсна листа, но и вметнувањето на македонскиот денар на курсната листа на Народна банка на Србија. Српските туристи со години се едни од најбројните во земјава.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/johan111

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа