Македонија денес и утре во карантин
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 11 Април, 2020
Македонија два дена е во карантин.
Полицискиот час трае 24 часа, односно почна од вчера од 16 часот, и ќе трае до понеделник до 5 часот наутро.
Ова е мерка со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.
Во земјава имаме 711 позитивни на Ковид 19.
Од регионот, во карантин е и соседна Србија.
Слична мерка има и во Турција.