17 Мај, 2024
0.0354

Македонците зависни од Фејсбук?

Објавено во: Стил 30 Август, 2013

Добивај вести на Viber

Околу 963 илјади граѓани на Македонија имаат регистрирано профили на социјалната мрежа Фејсбук, а само во последната година бројот е зголемен за 90 илјади, покажуваат податоците на Интернет Ворлдстат.

Бројот на фејсбук корисници во светот надмина милијарда, а од нив 251 милион се во Европа. Од регистрираните 53 проценти се жени, 47 се мажи.

На најпопуларната онлајн социјална мрежа дневно се логираат 700 милиони луѓе, а секоја секунда се отвораат пет нови профили.

Најприсутни се лица на возраст од 25 до 34 години, а речиси половина од младите меѓу 18 и 24 години веднаш по станувањето наутро се вклучуваат на Фејсбук.

Најмасовно Фејсбук се користи меѓу 13 и 15 часот и во четврток и петок.

На Фејсбук дневно се споделуваат 4,75 милијарди содржини, а се поставуваат 300 милиони фотографии. Просечно еден корисник на Фејсбук останува 20 минути