18 Мај, 2024
0.0298

Македонците со „подлабок“ џеб ќе ја дочекаат Новата година на Малдивите, Сејшелите, Маурициус

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Малдиви, Сејшели, Маурициус, Египет, се дестинации на кои ќе отпатуваат дел од граѓаните за празниците.

Од туристичките агенции велат дека на прсти се бројат оние кои нудат патувања на егзотични места. Скопјани како и претходните години покажале најголем интерес за посета на далечни дестинации. Во внатрешноста, интересот е далеку послаб.

„Има луѓе кои сакаат да патуваат иако сме во време на пандемија. Ги бираат топлите краеви. За патувањето ќе треба да одвојат од 500 евра па нагоре по лице. Со примени вакцини против коронавирусот е овозможено да се патува“, велат од скопска туристичка агенција.

Во внатрешноста агенциите се со помал обем на работа. Објаснуваат дека бројот на семејства кои ќе заминат на некое егзотично место е мал. Имало интерес за посета на балканските дестинации, Будва, Дубровник, Атина, но поради промена на рестриктивните мерки, откажување на концерти на познати ѕвезди или пак воведување задолжителни тестови за мали деца, дел од луѓето се премислиле и се откажале од идејата да патуваат.

„Има стеснување на тој круг поради рестрикциите. Дел од повозрасните ќе заминат во бањите во Србија. Продадени се аранжмани за скијање во Банско и на Копаоник. Има некои кои прашуваат за патување на егзотични места, но досега не уплатиле. На крајот можеби само две до три семејства ќе заминат на подалечни места“, наведуваат од агенција во Битола.

Дел од гастарбајтерите за празниците ќе допатуваат во земјава, и одлучуваат 7 дена да бидат надвор од Македонија. Резервациите ги прават преку македонските туристички агенции. Интерес има и за посета на Турција, но претежно авионски, велат од агенциите, бидејќи постои  резерва за патувањето со автобус, по автобуската несреќа која кон крајот на ноември се случи во Бугарија, каде настрадаа луѓе кои се враќале од Турција.

Ако ја погледнеме големата слика, за тоа како беше пред три и повеќе години, вработените во туристичките агенции се жалат дека по појавата на коронавирусот, нивната работа многу се намали. 

Сања Атанасовска

foto Wikipedia

Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“