Македонците нема да купуваат вакви „цигари“ од соседствoто, ќе ги имаат дома
Објавено во: Економија 31 Јули, 2018
Со новиот закон за акцизи, кој овозможува увоз и пуштање во промет на нови тутунски производи кои досега граѓаните ги набавуваа од странство, се создаваат услови Македонците ќе може да ги купуваат познатите IQOS (ајкос) тутунски производи во својата земја, наместо да одат или да ги порачуваат преку други од Србија, Бугарија и Грција.
Се работи за тип на производ од тутун кој се користи со помош на уредот во кој тутунот се загрева, не согорува, а се инхалираат продуктите кои испаруваат при загревањето. Дел од граѓаните во земјава веќе го користат, ама го набавуваат од соседството, каде продажбата веќе беше регулирана. додека вакви производи воопшто немаше на пазарот во Македонија.