19 Мај, 2024
0.0325

Македонците купуваат на Халкидики - од 20 евра за м2 за плац до хотели

Објавено во: Економија 06 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Од 20 евра за метар квадратен земјиште на кое може да се подигне нова градба, до купување на мали хотели - Македонците и оваа година продолжуваат да купуваат имоти на грчкиот Халкидики.

Скопјанец, кој во слуајов сакаше да остане анонимен, го продал  својот ресторан во Скопје и 300.000 евра веднаш ги префрлил во Грција за да изгради вила и да започне бизнис со издавање на просториите.

- Во Грција има специјални агенции кои посредуваат за се што сакаш да купиш, а ти само треба да имаш пари. Се нуди градежно земјиште, а може, што секако е уште полесно, да се купи веќе изграден објект.  Добриот бизнис е загарантиран и нема шанси да нема побарувачка. Доаѓаат Македонци, Срби, Романци, а секој индивидуално се снаоѓа како ќе ги донесе кај него да престојуваат. Нема никакви пречки да ви се оствари замисленото дури и за државјани со македонски пасош. Ако вложиш над 251.000 евра добиваш грчка лична карта и со неа слободно патуваш во 170 земји во светот - вели соговорникот.

Тој, но и агенциите од Македонија, потврдуваат дека може да се купи плац за градба по 20 евра од метар квадратен покрај руралните средини подалеку од плажите, а обично земјиштето чини од 50 до 70 евра по м2.

- Сепак, има критериуми со коефициенти на градба и не може на некој што ќе му дојде на ум да гради и на кој начин ќе гради. Инаку, може да се изгради се - од посебен апартман, мазонети, вили па до хотел - објаснува Јашар.

Во Македонија има околу 30-ина агенции кои продаваат имот на Халкидики а во главно се рекламираат „герилски“ на фејсбук-страници.  Поактивни се оние од југоисточниот крај на Македонија, бидејќи се поблиску до Грција и има поголема концентрација на заинтересирани со куповна моќ. Еден таков посредник ни рече дека цените на објектите се најоптимални, бидејќи не постои друго место на кое можеш да купиш толку евтино во близина на атрактивно море, а згора да се одмориш или да заработиш.

- Во последно време во Грција има многумина што заглавија со долгови и имаат проблеми со банките, потребна им е веднаш готовина и може да се начека евтина цена, а единствено се што треба во процедурата е нотар и адвокат. Купениот апартман или куќа може да се користи, на пример 15-ина дена за себе, а потоа може да се издава или да им се отстапи на блиски. Ние нудиме 25 апартмани и куќи, работиме само три месеци и веќе има голем интерес. Цените се движат од 1.100 до 1.500 евра по метар квадратен. Цената е примамлива, а процедурата е едноставна во Грција - ни изјави посредникот.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа