02 Мај, 2024
0.0271

Мајчинството заштитено на хартија, но не и во пракса

Објавено во: Економија 08 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Македонија е меѓу земјите кои имаат обезбедено најголема усогласеност на националното законодавство со Конвенцијата за заштита на мајчинството, но на терен и натаму тешко оди имплементацијата на законите што треба да овозможат поголема здравствена заштита на бремената жена, мајката-родилка и нејзиното дете, а со тоа и поголема вклученост на жената на пазарот на трудот.

За унапредување на примената на законодавството потребна  е свест кај работодавачите и промоција на можноста татковците да земаат породилно отсуство, заклучија учесниците на денешната работилница „Средина што го поддржува семејството преку подобрена заштита на мајчинството“, во организација на Министерството за труд и социјална политика и Меѓународната организација на трудот.

“Треба да се вложат дополнителни напори, бидејќи постои ефективно законодавство, но тоа треба да се спроведе во пракса, да се обезбеди подобра здравствена заштита и осигурување на приходите на мајките по раѓањето на децата, особено кај ранливите групи, како што се привремените вработувања, оние кои работат на определен период, самовработените, жените од руралните средини...“, вели Лаура Адати, експерт за заштита на мајчинство од Меѓународната организација на трудот во Женева.

Притоа таа истакна дека треба да се вложат дополнителни напори за промоција на татковското отсуство или на поделено породилно отсуство меѓу таткото и мајката, затоа што утврдено е дека со поголема вклученост на таткото во одгледувањето на детето се придонесува за негова благосостојба и поголемо учество на мајките во работната сила.

Министерот за труд и социјала Диме Спасов увери дека Македонија е земја која го поддржува семејството преку унапредување на заштитата на мајчинството.

„Поаѓајќи од фактот дека основната заштита на жената е овозможена со породилното отсуство, сакам да истакнам дека истото кај нас изнесува 9 месеци и со тоа се вбројуваме во земјите коишто имаат отсуство со најдолго траење. Во овој контекст, минатата година воведовме ново, дополнително право на неплатено родителско отсуство, со кое е предвидено работничката да го користи по завршување на отсуството од работа поради бременост, раѓање и родителство, до три месеци, во периодот до навршување на три годишна возраст на детето заради грижа на детето, при што се обезбедува бесплатна здравствена заштита“, појасни Спасов.

Според него, заради поголема материјална заштита на жените во овој период, надоместокот на плата за време на породилното отсуство изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата, што е еден од повисоките во светски рамки.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?