18 Мај, 2024
0.0788

MADE IN MACEDONIA: Најголемата обложувалница има поголем приход од „Југохром“ и од „Ван Хол“!!!

Објавено во: Економија 05 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Меѓу 40 најголеми фирми лани во Македонија има две кладилници кои лани заедно направиле приход од 118,1 милиони евра, а оствариле профит од 3,9 милиони евра. „Спорт Лајф“ и „Златна копачка Еден“ заедно вработуваат вкупно 937 лица, а само лани имаат 283 нови вработувања!!! Замислете „Спорт лајф“ лани имал поголем промет од „Југохром“ и од прочуената странска инвестиција „Ван Хол“. Ова го покажуваат податоците на Централниот регистар обработени во едицијата „200 најголеми“ на економскиот неделник „Капитал“

Најголемиот ланец обложувалници во земјава „Спорт Лајф Трејд“ е на 22 место на листата на 200 најголеми македонски компании. Таа фирма лани направила приходи во износ од 69,7 милиони евра, а вработува вкупно 694 лица!!!

Таа фирма вработува повеќе лица од 14 други компании кои се подобро рангирани од неа на листата на најголеми македонски компании. Оваа компанија лани успеала да го зголеми бројот на вработени за 183 лица што укажуа на тоа дека има експанзија во дејноста и во освојување на пазарот за обложување, дејност или хоби што очигледно дека е многу популарна во Македонија. Компанијата бележи пад на прометот во однос на 2013 година од само 1,8 отсто. А ланската година ја завршила со профит од 1,26 милиони евра. Профитот во споредба со лани паднал за 64 отсто. Фирмата има фантастични вредности на поврат на актива и на поврат на капитал. ROA изнесува 25,75%, a ROE изнесува 30,7%. Капиталот на фирмата лани вредел 4,2 милиони евра. Воедно во првите 22 најголеми фирми во земјава, според рангирањето, таа е најуспешната според бројот на нововработените лица во 2014 година! Замислете во најголемите 70 фирми во земјава единствено странските инвестиции „Дрекслмајер“, „Ван Хол“ и „Кромберт и Шуберт“ лани вработиле повеќе лица од обложувалниците на „Спорт Лајф“.

Колку Македонците љубат да се обложуваат докажува и тоа што уште еден ланец кладилници е рангиран во првите 40 фирми во земјава според приходот, а во најголемите 200 компании се вкупно 4 кладилници.

На 39 место според големина во земјава е ланецот обложувалници „Златна копачка - Еден.

Оваа фирма лани остварила приход од 48,4 милиони евра и на ранг листата се наоѓа веднаш зад големата странска инвестиција „Кромберт и Шуберт“ лоцирана во Битола која има поголем годишен приход од само 70.000 евра. Профитот на обложувалниците „Златна копачка“ изнесува 1,45 милиони евра. Годишната промена на стапката на профит изнесува 126%. Нема потреба од дополнителен коментар! Таа вработува 333 лица, а лани вработила 100 нови вработени.

На листата од 200 најголеми се наоѓаат уште и обложувалниците „Вил Хил Бет про“ на 120 место со приход од 17,95 милиони евра и профит од 356.800 евра и „Бет Сити Балкан“. Таа се наоѓа на 167 место со приход од 12,75 милиони евра, 105 вработени и профит од 2.500 евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа