15 Мај, 2024
0.1117

М Кар ја одбележа првата година од своето постоење и стогодишнината на брендот BMW

Во рамките на роденденскиот настан „М Кар отворени врати“, присутните гости имаа можност да се запознаат со целосното работење на продажниот - сервисен центар на BMW и MINI во Македонија

Објавено во: Мои пари 02 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Увозникот за BMW и MINI во Македонија и Косово, компанијата М Кар вчера прослави една година постоење на својот продажно - сервисен центар и воедно ја одбележа стодошнината на брендот BMW. Светскиот бренд кој има произведено најмногу револуционерни автомобили од било која друга марка во својата класа, оваа година прослави 100 години лидерство во иновации, истражување и развој и му претстави на светот како ќе изгледа иднината на автомобилската индустрија. 

Во рамките на роденденскиот настан „М Кар отворени врати“, присутните гости имаа можност да се запознаат со целосното работење на продажниот - сервисен центар на BMW и MINI во Македонија, да ги тестираат перформансите на новите BMW и MINI модели и да ги доживеат најсовремените технологии и иновации во автомобилскиот свет. На настанот беше претставен новиот BMW X5 iPerformance модел, со кој М Кар за прв пат во Македонија воведува употреба на електрични возила, базирани на прогресивната Plyg-in hybrid технологија, во насока на заштита на животната средина и економска заштеда. 

На роденденската прослава премиерно беа претставени новата серија 3 GT, модел кој својата светска премиера тукушто ја доживеа на саемот во Париз и BMW X5 xDrive40e iPerformance. Дел од достигнувањата и премиерите во изминатата година беа промоцијата на новите модели на BMW Серија 7 и BMW X1,  веднаш по  минатогодишната премиера во Франкфурт. BMW X1 беше прогласен за “SUV на годината во Македонија” за 2016, додека целото семејство BMW X модели беше промовирано пред македонската јавност оваа пролет, каде посетителите имаа уникатно задоволство да ја  тестираат xDrive технологијата на возбудлива off road рута,   во рамките на „BMW Generation X roadshow 2016“.  Покрај X моделите, на „Generation X roadshow“ за прв пат пред македонската јавност беше презентиран и ексклузивниот BMW M2 Coupe..


Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти