17 Мај, 2024
0.0384

Лукоил: Нема вода во бензинот во Охрид

Објавено во: Мои пари 02 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Отстранет е техничкиот проблем на бензинската станица „Охрид 1", соопши компанијата Лукоил Македонија ДООЕЛ Скопје. Оттаму информираат дека во врска со техничкиот проблем на бензинската станица во Охрид, на 30 август годинава, станува збор за изолиран случај од техничка природа, којшто веднаш е отстранет и бензинската станица работи во вообичаен режим. „Проблемот што се појави, настана како резултат на пропаѓање на земјата од зазеленетата површина на бензинската станица, што доведе до напукнување на технолошка цевка од резервоарот до автоматот за точење гориво што доведе до вшмукување на подземни води. Брендираното гориво "ЕКТО на Лукоил“ не дозволува смешување на водата со горивото и веднаш ги дели овие две фракции. Ова овозможи веднаш да биде утврден и отстранет техничкиот проблем на бензинската станица“, стои во соопштението. Оттаму додаваат и дека компанијата веднаш ги презела сите неопходни активности за сервисирање и отстранување на настанатите проблеми на сите единаесет корисници - патнички возила, кои во моментот на појавување на дефектот биле наполниле бензин на нивната станица во Охрид. Ваквата реакција на Лукоил доаѓа како реакција на написите дека во петокот, повеќе возила кои што полнеле gориво на пумпата на Лукоил во Охрид, наместо гориво, во резервоарите добиле вода.

Можеби ќе ве интересира

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Н.Д. ОД ТЕТОВО ГО ОСВОИ НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

Бимилк го прослави светскиот ден на семејството: НТЦ семинар за вработените и стручните лица од образовните институции со д-р Ранко Рајовиќ

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Макпетрол“: Со позитивна енергија во Градски Парк да застанеме на патот на врсничкото насилство

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени

„Алкалоид“ со две признанија за придонес во безбедноста и здравјето на своите вработени