18 Мај, 2024
0.0318

„Лукоил“ го продаде дијамантскиот бизнис за 1.45 милијарди долари

Објавено во: Економија 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Рускиот нафтен гигант „Лукоил“ ја заврши продажбата на својот дијамантски бизнис, станува јасно од сајтот на компанијата. Сестринската фирма на „Открытие Холдинг“ - ООО „Корпорација промышленных инвестиций“ купила 100% од акциите со право на глас на компанијата „Архангельскгеолдобыче“ (АГД) за 1.45 милијарди долари.

Скоро 20% од сопственоста на „Открытие Холдинг“ се во посед на Вагит Алекперов и Леонид Федун, кои се двајцата најголеми акционери во „Лукоил“. Други акционери се Вадим Белјаев - 28,6%, банка ВТБ - 9,99%, акционерската група Ист - 9.8%, Рубен Аганбегјан - 7.96%, Александар Мамут - 6.67%.

„Архангельскгеолдобыче“ го развива наоѓалиштето „Сунѓер“ за рударство, обработка и екстракција на дијаманти во Архангелска област. Тоа е пуштено во употреба во 2014 година а инвестицијата на нафтената компанија во проектот е над 1 милијарда долари. Планираниот обем на производството во 2016 година е 4,5 милиони карати.

„Архангельскгеолдобыче“ поседува лиценца за Верхотинската територија, чии резерви на дијаманти се проценуваат на 11 милијарди долари. Наоѓалиштето се наоѓа на 130 километри североисточно од градот Архангелск. АГД има и дозвола за извоз на извлечените дијаманти. Рокот на експлоатација е 15 години.

Во светскиот центар за трговија со дијаманти Антверпен „Лукоил“ врши продажба во својата ќерка компанија „Grib Diamonds NV“. Од датумот на пуштање во работа до моментов таа има реализирано над 5 милиони карати, освојувајќи од нив околу 400 милиони долари.

Единствениот кандидат за дијамантскиот бизнис на „Лукоил“ во последниве години беше рускиот монопол за производство на дијаманти, компанијата „Алроса“, која контролира 97% од пазарот во Русија, а останатите 3% АГД. За продажба на дијамантскиот бизнис на „Лукоил“ Алекперов проговори уште во 2014 година со надеж дека „Алроса“ ќе изјави интерес за негово купување.

Уште при прогласувањето на продажба на крајот на 2016 година извор на пазарот на дијаманти коментира дека компанијата „Алроса“ не е страна во трансакцијата и се претпоставува дека станува збор за прераспределба на средства на „Лукоил“. Според експертите цената од 1.45 милијарди долари изгледа премногу и сметаат дека е малку веројатно некој да го купи наоѓалиштето за оваа сума, но договорот веќе е завршен.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа