18 Мај, 2024
0.0446

25 годишнината прославена со наградна игра за верните потрошувачи

„Лукоил“ додели 250.000 за најсреќниот добитник на наградната игра „Среќна 25“

Објавено во: Мои пари 02 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

По повод 25 годишниот јубилеј, една од најголемите нафтени компании во светот „Лукоил“, која на македонскиот пазар е присутна повеќе од 10 години, организираше наградна игра за своите ценети потрошувачи. Под наслов „Среќна 25“, во период од 8 недели, на „Лукоил“ корисниците им беа доделени 25 ваучери за гориво, а конечно се додели и главната награда во висина од  250.000 денари.

Среќниот добитник е 20 годишниот Раде Цветкоски од Скопје кој возбудено ги сподели деталите околу неговото учество во наградната игра: „Првапат ми се случува да добијам една ваква награда, никогаш претходно не сум се оптеретувал да бидам дел од некој слична игра на среќа но неверојатно за мене е што со само 3 фисклани сметки токму јас бев добитникот. Сакам да искажам огромна благодарност до Лукоил, да им го честитам роденденот и да им посакам уште многу вакви јубилеи. Парите се секогаш добредојдени посебно кога се подарок, а мојата желба е да си го овозможам долгопланираното патување во Германија кај мои блиски роднини“, изјави Раде.

Ова за нас беше значајна година бидејќи прославуваме јубилеј од 25 години стабилност и успешно работење во светот. Но што би била среќата и успехот доколку не ги споделите со оние од кои и најмногу зависи вашот напредок, а тоа се верните клиенти и потрошувачи. Наградната игра започна на 3 октомври и денес беше извлечен и главниот добитник на кого би сакал да му посакам многу среќа и понатаму исто како што ја имаше и денес“, изјави Андреј Куку, генералниот директор на „Лукоил“Македонија.

„Лукоил“ е една од најголемите нафтени компании во светот. Во нејзините активи влегуваат огромни резерви на нафтени полиња, моќни претпријатија на територија на Русија и надвор од нејзините граници. Таа функционира и работи благодарејќи на високопрофесионални работници кои бројат повеќе од 105 илјади луѓе, додека во Македонија компанијата е сочинета од 400 вработени професиналци во својата бранша кои страсно и посветено ги применуваат капацитетите на сите свои расположливи сили.

Денес „ЛУКОИЛ“ обезбедува повеќе од 2% од светското производство на нафта и околу 1% од докажаните светски резерви на јаглеводороди. Во 2015 година „ЛУКОИЛ“ го надмина нивото на производство од 2 милијарди тони на гориво (нафта и гас).

Во моментов под брендот на „ЛУКОИЛ“  работаат повеќе од 5 и пол илјади бензински станици во 22 земји ширум светот. Покрај Европа, компанијата присутна во Азија, Африка и Америка.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата