Лозано го честиташе Илинден со „Македонија“: Фантастичен концерт на поп-ѕвездата во Охрид
Објавено во: Стил 03 Август, 2019
Среќни луѓе кои излегуваат од стадионот пеејќи ги хитовите на омилениот пејач, редица фанови кои чекаат да се сликаат со него, во публиката различни генерации-тоа е формулата на еден успешен концерт. Таа формула ја има Влатко Лозаноски- Лозано кој сношти имаше фантастичен настап во Охрид, на стадионот „Билјанини извори“.
Лозано е првиот наш пејач кој одржа концерт на овој стадион, токму на Илинден. Ненаметливо и чекор по чекор, тој стана миленик на народот. Без промоција на приватниот живот, без претерано присуство во медиумите, Влатко го засакавме поради песните кои влегуваат во уво и се лепат за срце од прва, а се музичко дело на хитмејкерот Лазар Цветкоски и Магдалена Ена Цветкоска која ги пишува убавите приказни во текстовите, ја доловува атмосферата „Женски Магазин“.