18 Мај, 2024
0.0262

Лоши навики кои ги практикуваме на работа

Објавено во: Стил 29 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Огромен е бројот на луѓе кои работниот ден го минуваат седејќи пред компјутерот. А тие 8 долги работни часа може допонително да ги отежнат и четири лоши навики кои дополнително го нарушуваат здравјето. Четирите навики кои дефинитивно треба да избегнувате да ги правите на работното место се следниве: Јадете непромислено Непромислено голтање на храна додека во исто време работите на компјутер, најчесто вклучува грицкање нездави намирници. Количината на изеденото најчесто е голема, а темпото со кое јадете воглавно не е добро за системот за варење. Ако е можно, тргнете се од работната маса и јадете некаде каде што ќе може да се сконцентрирате на храната. Прекрстени нозе Можеби не ни размислувате за тоа, но голема е веројатноста да седите со прекрстени нозе. Ова врши дополнителен притисок на нозете. Освен тоа, поради прекрстени нозе можете да чувствувате и болка во грбот. Затоа внимавајте на држењето на телото, вклучувајќи ги и нозете. Прегласна музика  Музиката може да го разубави работниот ден, но ако е премногу гласна може да го оштети слухот. Ако долго слушате музика, обрнете внимание на тоа колку гласно слушате. Ретко одите или не одите на пауза Дури и кога имате премногу работа или ако премногу се внесете во тоа што го работите, не заборавајте да направите кратка пауза, барем за да се напиете вода, да изедете нешто, да се истегнете или да се прошетате до некоја од соседните простории. Во спротивно брзо ќе ја изгубите енергијата. Се препорачува да правите почести кратки паузи од работењето.