18 Мај, 2024
0.2703

Лоши индикации за американската берза од светот на спортот

Објавено во: Свет 21 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Во неделата вечерта се одиграа последните натпревари пред финалето во американски фудбал во Националната фудбалска лига ( НФЛ ) на САД , познат како Супер Боул , и двата тима кои ќе се борат за титулата , веќе се познати. Оптимистички настроените учесници на американскиот пазар синоќа најверојатно го поддржале тимот на Сан Франциско Фортинајнерс. Индикаторот Супер Боул покажува дека кога еден тим , претставник на Националната фудбалска конференција ( NFC) , ќе го заработи Супер Боул , тоа е шпекулативниот знак за американскиот пазар на акции. Оваа поврзаност е потврдена во 80% од случаите од првиот Супер Боул во 1967 година. Потемелен преглед на индикаторот Супер Боул покажува дека пазарот ги обожава Фортинајнерс. Без разлика дали заработува или губи, Сан Франциско стигнал до Супер Боул во четири од петте најдобри години за берзата од 1967 година , кога се одржа првиот натпревар помеѓу победникот од NFC и од Американската фудбалска конференција ( AFC ) . Победите на Фортинајнерс во Супер Боул во 1985 , 1989 и 1995 година се проследени со 27.7 % , 27.0 % и 33.5 % раст , односно , за берзанскиот индекс Dow Jones . ОД 1967 година до минатата година само победата на Питсбург Стилерс во 1975 година донела поголем раст на индексот . Дури и минатата година , кога Сан Франциско изгуби од Балтимор Рејвенс на Супер Боул , пазарот скокна значително. За жал , Сан Франциско изгуби во неделата од тимот на Сиетл и нема да учествува во Супер Боул втора година по ред. Во четири од деветте години во кои индикаторот не бил прецизен во својата прогноза , на Супер Боул учествувал тимот на Денвер Бронкс, кој го победи тимот на Њу Ингланд Пејтритс во финалето на AFC и ќе се бори за титулата со Сиетл . Дури и Пејтритс да го заработеа, тие исто така не носат особено голем раст на пазарот. Најголемото покачување на Dow Jones во годините , во кои Пејтритс победиле, е 3,1 % во 2004 година. Најлошо поднесување е намалување од 16,8% во 2002 година. Загубата на Пејтритс во 2008 година , пак, беше проследено од најлошата година за Волстрит , откако постои Супер Боул . Тогаш Dow се распадна со 33,8 % . Тимот на Сиетл стигнал само еден пат до Супер Боул и тоа во 2006 година. Тогаш тимот , чиј сопственик е ко-основачот на Microsoft Пол Ален, губи од Питсбург Стилерс . Dow Jones скокна во 2006 година , но иако Сиетл се исто така дел од NFC , корените на тимот од Питсбург се во старата НФЛ и поради оваа причина тие се сметани за тим од NFC , поради што индикаторот дал точна прогноза за годинава. Генерално, сепак е тешко да се прогнозира претставувањето на пазарот за цела година врз основа на еден спортски настан, било да е тоа и еден од најгледаните во светот.   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

„Му реков, Емануеле ние не веруваме во тоа“: Зеленски го одби предлогот на Макрон, се огласи и Путин

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

Анализа на Washington Examiner по атентатот на Роберт Фиц: Зошто политичките убиства ќе бидат сѐ почести?

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ: Словачки политичар пријавил во полиција

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

УКРАИНА Е ВО КРИТИЧНА ФАЗА: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

ХАМАС ГИ УБИЛЕ И ГИ ОДНЕЛЕ ВО ГАЗА: Израелската армија пронашла тела на тројца заложници

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

УНИШТИЈА ВАЖНА ЦЕЛ: Путин потврди дека Русија не планира да го окупира Харков

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата