15 Мај, 2024
0.0290

ЛОНДОН НЕ ГО САКА ТРАМП: Демонстрации поради посетата на американскиот шеф

Објавено во: Свет 21 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Неколку илјади демонстранти се собраа синоќа пред парламентот во Лондон, за да протестираат против државното посета на Доналд Трамп во Обединетото Кралство. Ова е трет митинг во Лондон во знак на протест против оваа посета. На првиот, на 30 јануари, се собраа десетици илјади демонстранти. Подоцна, во почетокот на февруари, тие беа 10 000.

Синоќа митингот беше ко-организиран од "Stop Trump Coalition", иницијативата "Ден без нас", која имаше за цел да го направи овој 20 февруари ден за солидарност со мигрантите во Велика Британија.

"Не на Трамп", "Не на забраната за муслимани", "Обединети против ѓаволот и идиотот", беа дел од плакатите кои демонстрантите ги поставија, изразувајќи го револтот кон Трамп. Демонстрантите објаснуваа дека се против неговата политика на расизам, женомразството и исламофобијата во нешто нормално. 

„Ако не се кренеме против оваа политика, значи, всушност, стануваме соучесници“, сметаат тие.

Околу 1,9 милиони луѓе се потпишаа на петицијата која повикува државната посета на Трамп да стане обична официјална посета. Вчера (20 февруари) британските пратеници одржаа дебата токму по прашањето колку е оправдана таа државна посета. 

Организирањето на државна посета зборува за тоа дека „британскиот парламент и британската нација го одобруваат Трамп“, рече пратеникот на Лабуристичката партија Пол Флин.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Напаѓач пукаше во Роберт Фицо

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

ГЕРМАНЦИТЕ ВО ШОК И КАУФЛАНД ЗАТВОРА: Дел од неговите филијали во Германија заминуваат во историјата

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

Зеленски ја откажа посетата на Шпанија и Португалија

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

МНОГУ СЕ ОБИДУВАА ДА МЕ УБИЈАТ, ГЛАВАТА МИ ВРЕДЕШЕ 4 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Исповед на синот на Пабло Ескобар - ова беа последните зборови на неговиот татко

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

БЛАГОДАРЕНИЕ НА НЕГО, НОРВЕЖАНИТЕ ЗНААТ КАДЕ ИМ СЕ ПАРИТЕ: Кој е Николај Танген?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

ОЛИМПИСКИ ИГРИ: Koлку ќе заработи Париз?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

САКА ПОБЕДА ВО УКРАИНА СО МИНИМАЛНИ ЖРТВИ: Што друго планира новиот руски министер?

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

Бактериите отпорни на лекови можат да направат „Ковид-19 да изгледа ситно“

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?