18 Мај, 2024
0.0264

Лондон наскоро ќе добие велосипедски автопат

Објавено во: Мои пари 17 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Метрополата на Велика Британија наскоро ќе добие таканаречен велосипедски автопат, како би се зголемила мобилноста во градот, растеретиле сообраќајниците и намалило загадувањето.

Оваа патека долга 30 км, безбедно е одделена од останатиот сообраќај, ќе ги поврзува предградијата на источен и западен Лондон.

„Триесет километри велосипедската патека помеѓу источниот и западниот дел на градот која ќе поминува покрај Лондонската кула, Вестминстерската палата и Хајд парк“, рекол градоначалникот на британската престолнина Борис Џонсон, најавувајќи го стартот за неколку недели.

Изградбата на „велосипедскиот автопат“, чии трошоци се проценуваат на 217 милиони евра, би требало да биде завршена до 2016 година.

Со своите осум милиони жители, од кои половина секојдневно се спуштаат во центарот на работа, било итно потребно да се пронајде некое решение како би се растеретил сообраќајот и намалило загадувањето.

Широки четири метри, лентите на автопатот за двотркалата ќе овозможи возење во две насоки како и претекнување. Џонсон најавил и лента во правец север-југ која ќе биде долга околу пет километри.

„Тоа ќе биде вистинска промена за центарот на градот“, наведуваат инвеститорите.

Како последица на воведување во 2003 година наплатен влез на автомобилите во градот, користењето на велосипеди двојно е зголемено во последните десет години.

Знаејќи дека за моторизиран пристап во центарот треба денес да платат 11,5 фунти, разбирливо е што поголем број на жители се определуваат за велосипед како превозно средство.

Се проценува дека после изградбата на најавените велосипедски автопати бројот на корисници на велосипеди до 2026 година ќе порасне на 1,5 милиони. Исто така, во Лондон размислуваат за претварање на поедини тунели на метроа, кои повеќе не ги користат во подземна велосипедска патека.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата