05 Мај, 2024
0.0263

Љупчо Палевски - Палчо уапсен пред да летне за Москва

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Политичкиот активист Љупчо Палевски - Палчо, познат како дел од движењето за бојкотирање на референдумот за промена на уставното име, вчера е притворен во Белград во моментот кога сакал да се качи во авион и да отпатува во Москва. Станува збор за активирана потерница од Хрватска и во моментов членот на партијата „Глас за Македонија“ на Солза Грчева е во екстрадиционен притвор, објави „360 Степени“.

Тој е приведен од српската полиција на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ и во моментов се наоѓа во екстрадициски притвор, а информацијата ја потврди неговиот адвокат Васко Стојков, кој тврди дека Палевски во Москва требало да склучи бизнис-зделка. Палевски своевремено живеел во Хрватска, а според адвокатот, таму останал задолжен 2.500 евра и дека тоа било причината за потерница. Скопскиот бизнисмен има кривична пријава и во Македонија затоа што во април годинава на настан во Прилеп преку мегафон пушташе „бомби“, а сега е во екстрадициски притвор.

„Сомнително е како потерницата не била активна во 14,00 часот кога Палевски влегол во Србија од Македонија, а по само неколку часа тој е приведен од српската полиција. Уште почудно е што според информациите со кои располагам, потерницата датира од 2015 година. Палевски во изминатите години непречено патуваше во многу држави“,озјавил адвокатот Стојков, кој очекува Палевски да биде ослободен денес или утре.




Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден