Ликвидиран еден од најопасните екстремисти во Дагестан
Објавено во: Свет 04 Декември, 2016
Рустам Аселдеров и уште петмина исламски екстремисти, вклучувајќи го и возачот на една од најопасните терористички банди во Русија се убиени.
Тие се ликвидирани при специјална операција во предградие на Махачкала - престолнина на кавкаската република Дагестан, соопштија од Федералната служба за безбедност.
Меѓу неутрализираните бандити се препознаени и старешината на „Вилајат Кавказ", Рустам Аселдеров и четворица џихадисти од најблиската околина. Во соопштението се истакнува дека Аселдеров положил заклетва за верност кон групата „Исламска држава". Тој организирал обид за напад на новогодишната ноќ на Црвениот плоштад во Москва во 2010 година, но бил спречен од тајните служби. Нему му се препишуваат уште неколку терористички напади во Дагестан.