05 Мај, 2024
0.0268

Левица го изгубила судскиот спор против Џабир Дерала, објави Сарачини

Објавено во: Македонија 03 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Партијата Левица го изгубила судскиот спор против основачот и раководител на Цивил, Џабир Дерала, објави новинарот Петрит Сарачини на својот фејсбук профил.

„Ви се пофали ли Апасиев дека Левица го изгуби судскиот спор против Дерала, и зошто за епилогот не известија медиумите што известуваа за спорот“, пишува Сарачини. 

Тој натаму потсетува дека Димитар Апасиев, кој е лидер на Левица, е екссоветник на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева.

Ви се пофали ли Апасиев, ексоветникот на Катица, легенда на правната мисла во библиска Македонија, дека неговата Левица го изгуби судскиот спор по сите основи, дека им падна глупавата тужба против Џабир Дерала, со која со недели тераа јавна хајка против него и Цивил?

Еве неколку дена пресудата ја има, постои, но за неа не известија медиумите, кои со денови го прогонуваа Дерала за овој ‚случај', во име на ‚јавниот интерес'“, вели Сарачини.

Тој нагласува дека, како што вели, го разбира другарот Џабир што не се пофалил. 

„Стара витешка школа, не сака да „клоца“ поразени. Но, за овој пораз на Апасиев се уште нема пофалба ниту од медиумите што со толкаво внимание го следеа ‚случајот'“, пишува Сарачини.

Инаку, како што објавуваа дел од медиумите, партијата Левица одлучила да го тужи за клевета Џабир Дерала од Цивил, за два негови написи на порталот Цивил Медиа, за што тој сметал дека е антидемократски потег, односно дека е недемократски партија да тужи, за вредносен суд или став.

Според Апасиев, пак, во случајот воопшто не сатнувало збор за вредносен суд или став, туку перманетна црна пропаганда и лажни вести против партијата, со која Дерала се обидел да ги прикаже како проруска и антиалбанска партија. Изјавил дека пред да тужат побарале јавно извинување, но Дерала не прифатил.

Можеби ќе ве интересира

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

Г.Г.СТЕФАН: Што е можно побргу, да се освестиме и да се обединиме како народ

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Kaвадарчанец спречил полицајци да фатат побегнат затвореник

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МОЈСОСКА: Апел до сите пратеници да се откажат од патните трошоци по примерот на Левица

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

МИЦКОСКИ: Воскресението е потврда дека надежта секогаш ќе победи

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ПЕНДАРОВСКИ ГО ЧЕСТИТА ВЕЛИГДЕН: Да се сплотиме околу визијата за хумано, праведно и просперитетно македонско општество

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ПРОГНОЗА: Kaкво време ќе имаме денеска и следните денови?

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ: Православните верници го слават Велигден