14 Мај, 2024
0.0236

ЛЕТУВАЊЕ: Во најава голем бум-колку ќе ве чини одмор во Албанија?

Објавено во: Балкан 12 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Во последно време често се говори дека Албанија е туристичка дестинација која на оние со плиток џеб добро ќе им дојде како замена за дестинаци од кои се откажуваат поради високите цени.

Саранда е град во истоимената покраина на југот од Албанија, има околу 50 000 жители, излегува на Јонското море и е главно албанско пристаниште.

Таа им е омилена на туристите.

Саранда, која е центар на најјужниот округ на Албанија, е просперитетен регион со различни атракции, рамнини и планини, реките и езерата, цитрус насади, маслинови градини и лозја, пасишта и шуми.

Ако сакате да се сместите во приватно сместување во Саранда, најдобро е да го побарате на лице место, бидејќи приватни апартмани тешко се наоѓаат на интернет. За 20 евра од ноќ може да најдете пристоен и уреден апартман поголем од 60 квадратни метри во кој може удобно да се сместат до шест лица.

 Сместување во хотел, според понудите кои ги најдовме на интернет е нешто поскапо и цените се движат од 18-20 евра во јуни/септември па до 30 евра од ноќ од лице во време на шпицот во хотел со три ѕвездички на 20 метри од плажа со појадок.

Во просек за седумдневен одмор за две лица, во Саранда потребно е да издвоите околу 350 евра, вклучувајќи го превозот, сместувањето и храната.

Во Ксамил понудите се нешто поскапи од Саранда.

Таму во вила која се наоѓа на само 60 метри од прекрасната плажа Bella Vista и на околу 150 метри од центарот на градот за студио 1/3 за 7 или 9 ноќи ќе треба да издвоите од 185 до 300 евра во екот на сезоната.

Речиси сите вили на кои наидовме пребарувајќи на интернет се опремени со сопствена кујна, бања, балкон, клима,WI-FI.

Цени

Официјална валута е лек (1 евро-139 леки), но во сите продавници, кафичи и ресторани примаат и евра, а може да избирате дали за кусур сакате евра или леки.

Што и да одлучите нема да бидете оштетени, бидејќи граѓаните таму добро баратаат со претворање на валути.

Цените на храна во супермаркети се поволни. Според туристи кои биле таму кока кола во лименка чини 60, флаширана вода од 1,5 литри 50. леб 60, макијато во кафе бар 150 леки.

За еден литар дизел потребно е во просек да издвоите 185 леки (1,33 евра). 

Цените во ресторани исто така се пристојни и во главната туристичка улица/шеталиште на плажа може да добиете вечера за најмногу 10 евра по лице.

Годинава се најавува туристички бум

Граничната полиција на Албанија наведува дека во мај оваа година во таа земја влегле 360 000 странци и дека од таа бројка 131.993 биле туристи.

Според мислењето на експертите ова е само почеток на летната туристичка сезона, а очекувањата се големи во поглед на доаѓањето на странските туристи.

Бројките се сметаат за позитивен сигханл за туризмот, но и за хотелиерството, угостителството и пропратните услуги.

За тоа време, во Драч и на јужниот брег се до Саранда, се повеќе внимание се посветува на чистење и уредување на плажите.

Можеби ќе ве интересира

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ВЕРОЈАТНО СФАТИ ДЕКА ЖИВОТОТ ЌЕ ГО ПОМИНЕ ЗАРОБЕН - Коста Кецмановиќ падна во депресија, не сака да разговара со никого

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ПРЕЧЕКАН ЕДИ РАМА ОД АЛБАНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО АТИНА - реакции во грчките медиуми

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ДЕНЕС ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ДИНАРИ ВО КОСОВО - од утре смее да се плаќа само со евра

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

ОГЛАС ЗА ПРАЗЕН СТАН ГИ БРАНУВА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВО СОСЕДСТВОТО: 500 евра, па колку би чинел станот ако е наместен?!

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

„Сè уште ги слушам криците на децата и мајките кои усташите ги раздвојуваа“ - Јелена ја преживеа голготата на Јасеновац

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Американската амбасада на листата даночни должници во Црна Гора

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

Бојко Борисов: Мицкоски, завршија изборите!

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ КОЈ ПОЧИНА: Внатрешната контрола на полицијата бара суспензија на тројцата полицајци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА: Oсомничените можат да се спасат од „тешки“ казни