18 Мај, 2024
0.0262

Лесни пари или претприемнички дух: Повеќе од 700 фирми се борат да поделат еден милион евра

Објавено во: Економија 16 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Повеќе од 700 микро, мали и средни претпријатија кои немаат повеќе од еден милион евра годишни приходи, односно немаат повеќе од 250 вработени, досега се пријавиле за поделба на само еден милион евра од Фондот за иновации и технолошки развој.

Според тоа, македонските претприемачи кои се обидуваат да бидат инвентивни покажуваат голем интерес за новиот јавен повик со кој ќе се кофинасираат нивните проекти. Досега во Фондот стигнале преку 700 апликации, а јавниот повик е отворен до 11 декември. Бидејќи се доделуваат максимум 30.000 евра, најмалку добитници теоретски може да бидат 34 претпријатија.

Според Бранислав Маркоски од Фондот за иновации и технолошки развој на располагање за проектите кои фондот ќе ги кофинасира со грантови од 85 насто од проектот се еден милионевра со финансиска помош на Светска банка.

Еден од критериумите е да не поминале повеќе од 6 (шест) години од денот на основање на апликантот до денот на аплицирање и да извршува научноистражувачка дејност. За да се добијат овие пари треба да имаат добар тим, иновативност, проект и пазарен потенцијал.

- Станува збор за јавен повик за новоосновани старт-ап и спин-оф друштва. Право на аплицирање имаат новоосновани микро, мали и средни претпријатија, не постари од шест години, кои не треба да имаат годишен приход над еден милион евра и да се во доминантна сопственост на македонски државјани. Компаниите аплицираат за кофинансирачки грантови, односно, со 85 насто финансира Фондот за иновации, останатите 15 проценти се на компаниите и вредноста е до 30.000 евра. Една компанија може да аплицира со повеќе различни проекти, а средствата да се користат за плати на вработени, за опрема, истражувачки, лабораториски, консултантски активности. Изборот на апликантите го прави комитет од странски бизнис-луѓе, професори во бизнис фелата, луѓе со искуство во бизнисот. Имаме строго утврдени критериуми, меѓу кои: се оценува квалитетот на проектот, неговиот пазарен потецијал, односно колку може производот, услугата да се комерцијализира на пазарот, ги цениме ангажираните луѓе во проектот и влијанието на проектот од сите аспекти – влијание врз животната средина, социјалниот импакт, објаснува Маркоски.


Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа