19 Мај, 2024
0.0282

Лазаров: Приоритет ни е обезбедување одлични услови за тренинг

Објавено во: Мои пари 04 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Петотто издание на ракометниот камп “Кирил Лазаров 7” ги урна рекордите во однос на брзината со која се потполни бројот на учесниците. За само 5 дена капацитетот на кампот од предвидени 350 деца во две смени ја достигна конечната бројка. Голем број на заинтередирани деца кои само некој ден подоцна од денот на објавувањето на пријавувањето (5 февруари) испратија пријава беа ставени на листа на чекање во случај некое дете од пријавените да се откаже од оправдани причини.


Заради огромниот интерес за учество на кампот, капитенот Лазаров успеа во координација со менаџментот на хотел “Аквалина” да обезбеди проширување на инфраструктурата со што се создадоа услови за зголемување на бројот на учесници. Со изградбата на уште едно игралиште бројката на учесници на 5-тиот јубилеен камп на капитенот ќе биде преку 400.

“Благодарност до нашите домаќини хотел “Аквалина” што имаа слух и воља да го направат овој чекор. Најважно од се , наш приоритет како и секоја година е за децата да се обезбедат одлични услови за тренинг.Тоа подразбира квалитетна инфраструктура и квалитетен стручен тим. Во моментов работиме на формирање на истиот. Тоа ќе бидат тренери кои ќе работат максимално посветено и професионално со децата кои доаѓаат на кампот да научат нешто повеќе за ракометот, работи кои ќе ги применуваат и кога ќе се вратат дома” изјави капитенот Лазаров.

Со зголемување на капацитетот на учесници, својствено ќе се зголеми и бројот на групите по кои ќе бидат поделени по возраст, пол и ракометни вештини. Со тоа ќе се зголеми и бројот на тренерите кои ќе работат со децата. Терените пред хотелот „Аквалина“ се со подлоги од акрилна гума која е специјална подлога за надворешни услови и Gerflor подлога кој се користи за одигрување на европски и светски натпреварувања.


Кампот започнува на 19 јуни а завршува на 1 јули. 24 часовното присуство и тренинзи со капитенот се најсилната причина заради која и оваа година ќе имаме учесници од многу европски држави.

Се гледаме во Охрид !


Можеби ќе ве интересира

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст