18 Мај, 2024
0.0258

Латвија – мал, но интересен пазар на домување

Објавено во: Економија, Свет 24 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Латвија е една од најмалите економии во Европската унија (ЕУ), со население околу 2 милиони луѓе и бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител, кој се очекува да надмине 13 илјади евра оваа година.

И покрај санкциите против Русија економијата на Латвија забележа раст од 2,4% во 2015 година во однос на 1,6% просечна стапка на раст на БДП за еврозоната. За оваа година се очекува економскиот раст на Латвија да се забрза до 2,7%. Инфлацијата е ниска, но сепак е на позитивна територија - 0,4% за 2015 година. Очекувањата се оваа година инфлацијата да се забрза до 1,7%.

Пазарот на недвижности во Латвија беше тешко погоден од кризата - цените на куќите се намалија за околу 60%. Обновувањето веќе е стабилен процес и пазарот на недвижности во земјата е сè поинтересен за купувачите и инвеститорите, коментираат од агенцијата за недвижности „Arco Real Estate“, која има канцеларии во Естонија, Латвија и Бугарија.

Латвија е повеќе популарна дестинација и за инвеститори од земјите надвор од ЕУ поради програмата од типот „инвестиции против дозвола за престој“. Тоа е и причината околу 70% од становите над 250 илјади евра во Рига да се стекнуваат од странци, посочуваат од компанијата.

Од 2015 година владата во земјата применува и посебна програма за купувачите на прв дом. Државата обезбедува гаранции за хипотеките на млади семејства, идејата е да се намали почетната рата за купување или изградба на сопствено живеалиште. Износот на гаранцијата зависи од бројот на децата на семејството.

Во 2015 година цените на куќите од стара градба во главниот град на Латвија - Рига, се зголемија за 0,4% на годишна основа. Истовремено цените на новите проекти во центарот на градот забележуваат пад од 2%, а во околните станбени населби - со 3%. Слично намалување на цените на новите станови не е забележан од 2009 година.

Падот сепак не се валиден за сите сегменти од пазарот. Некои инвеститори нудат и краткотрајни попусти со цел да привлечат повеќе клиенти.

Просечната цена на новоизградените станови во Рига достигнуваат 1 800 евра за квадратен метар, а старите градби се движат од 500 до 1 000 евра за квадратен метра. Цените на куќите во нова градба може да достигнат и 5 000 - 6 000 евра во историскиот центар на градот.

Минатата година во Рига се изградени речиси 1 800 нови домови, а уште речиси толку се очекува да излезат на пазарот оваа година.

Во јуни цените на стандарден тип станови во станбени комплекси во Рига се зголемија за 0,3% до средните 685 евра за квадратен метар, а од почетокот на годината цените на куќите во овие комплекси скокнаа со 4,6%. Цените се со просек 57,7% пониски во однос на 1 јули 2007 година, кога просечната цена за нереновиран стандарден стан ја достигна највисока вредност досега - 1 620 евра за квадратен метар.

Во јуни 2016 година, сепак, цените за стандарден стан биле со 11,8% повисоки во споредба со цените од почетокот на 2014 година. Спрема почетокот на 2015 година цените се зголемија за 7,6%, а во 2016 г . - 4,6%.

Како и претходните години, сепак во јуни активноста на станбениот пазар во Рига се намалува поради официјалните празници и летото. Во јули 2016 година вкупниот број на достапните станови за продажба паднал со 9,3% во споредба со претходниот месец.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа