19 Мај, 2024
0.0272

ЛАНИ РЕКОРДЕН УВОЗ НА ГАС – целокупните количини доаѓаат од Русија, за Александруполи треба време и пари

Објавено во: Економија 11 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Најголемата потрошувачка на природен гас во Македонија била регистрирана во текот на зимските месеци, покажуваат податоците на Регулаторна комисија за енергетика во нивниот редовен годишен извештај. Податоците говорат дека има зголемена потрошувачката на природен гас во земајва во текот на изминатата година во споредба со просекот од претходните години.

-  Годишна потрошувачка до пред десет години беше под 100 милиони норални метри кубни, додека во 2021 година го достигнува максимумот со 426 милиони нормални метри кубни. Ова е досега најголемо количество на природен гас во системот за пренос од почетокот на неговата работа и претставува зголемување за 26,13 проценти во однос на пренесените количества на природен гас во 2020 година – наведува РКЕ во извештајот.

Податоците покажуваат дека потрошувачката е различна низ месеците, а сосема очекувано е поголема во зимските месеци. Регулаторите укажуваат дека природниот гас најмногу се користи за производство на топлинска енергија.

-  Најголемо влијание на профилот на потрошувачка има когенеративната постројка во сопственост на ТЕ-ТО АД Скопје. Може да се забележи дека во периодот од јули до септември има зголемена потрошувачка на природен гас, што се должи на работењето на ТЕ-ТО АД Скопје во овие месеци, додека во зимскиот период како големи потрошувачи се вклучуваат и топланите. Во месеците во кои потрошувачката на природен гас е минимална, работат само оние индустриски потрошувачи кои користат природен гас за своите технолошки процеси во текот на целата година – се потенцира во извештајот.

Регулаторите објаснуваат оти преносната гасоводна мрежа има номинален капацитет од 800 милиони нормални метри кубни годишно и потенцираат оти динамиката на потрошувачка на природен гас помеѓу зимските и летните месеци варира. Најмала искористеност на системот има во април и мај и се движи од 5 до 15 проценти, додека во зимските месеци, кога практично е сезона на висока потрошувачка на природен гас, потрошувачката е значително поголема и се движи во опсег од 50 до 80 проценти искористеност на системот за пренос на природен гас на дневно ниво, се наведува во извештајот.

Во Македонија целокупното количество на природен гас се увезува од Русија преку гасоводниот систем на Република Бугарија.

Универзитетскиот професор Ристо Филковски од Машинскиот факултет при УКИМ, за „Фактор“ објаснува дека во однос на снабдувањето со природен гас, јасно е дека Македонија нема краткорочни алтернативи.

-  За да профункционира терминалот во Александруполис и да се направи гасоводно поврзување со него, потребни се време и пари, а и цената на таквиот (втечнет) гас ќе биде повисока.Во моментов, битно е одговорните во Македонија да не играат според принципот да се биде „поголем католик од Папата“, одбивајќи го предложениот начин од руската страна за плаќање, туку да се следат интересите на земјата, нејзините граѓани и стопанството.Ситуацијата е таква што практично немаме други алтернативи освен гасот што пристигнува од Русија преку Бугарија. Според достапните информации, барањето од руска страна гасот да сеплаќа во рубљи не е нешто страшно. Секако, сигурно е дека цената за гасот ќе биде повисока и ќе зависи од курсот на рубљата одреден во Москва, но тоа е нешто на што постепено треба да се навикнуваме и да се прилагодиме. Во таа насока, неколку земји од ЕУ веќе ги разгледуваат опциите за извршување на плаќањето на Гаспром експорт за да не биде запрен рускиот гас, но и да не се прекршуваат санкциите на ЕУ. Според одредени толкувања, санкциите на ЕУ неважат за приватни компании и голем број компании се подготвени да купуваат руски гас во рубљи. Алтернатива е гасот да се набавува преку посредници, со што цената би била уште повисока – објаснува Филковски.

Професорот додава дека на краток рок треба да се направат подготовки и за евентуална примена на мазут, таму каде што се уште постојат функционални инсталации за тоа гориво. Според него, проблеми поради прекини во снабдување со природен гас кај нас може да имаат компаниите кои воизминативе години извршија премин од течни и други горива кон природен гас.

-  Некои од нив сеуште ги имаат зачувано и инсталациите за мазут, но прашање е во каква состојба се наоѓаат истите. На пример, топланите во Скопје имаат паралелни инсталации за работа на течно гориво, па дури и законска обврска за складирање на течно гориво за одреден период наработа. Мазутот, се разбира, е далеку понеприфатливо гориво од аспект на влијание врз животнаата средина, но можеби одреден период ќе мора да се преживее и со тоа – појаснува Филковски.

Извештјот на РКЕ пак покажува дека бројот на приклучоци на системот за пренос на природен гас во последните години е во пораст, започнувајќи од 30 приклучоци во 2010 година до 61 приклучок во 2021 година. Во 2021 година од вкупно 61 приклучок на системот за пренос на природен гас, 54 биле активни приклучоци. 

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници