13 Мај, 2024
0.0255

Лани пад, а оваа година се очекува раст на странски инвестиции во светот

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Странските инвестиции лани се намалени, а оваа година се очекува раст. 

Глобалните странски директни инвестиции (FDI) се намалени за 13% лани. 

Тие изнесувале 1,52 илјади милијарди долари, а неколку земји биле на врвот во привлекување на странски капитал. 

САД се најважната дестинација, па во текот на минатата година наваму се насочени 385 милијарди долари. Тоа е зголемување од 1% во однос на 2015-та година. Велика Британија е на второ место со 179 милијарди долари, што е близу шесткратен раст, благодарение на трите големи трансакции. Кина е трета со 139 милијарди долари.

На географски план „FDI“ се силно намалени минатата година во Европа (-29 отсто), во развиените региони на Азија (-22 отсто) и во Латинска Америка и Карибите (-19 отсто).

Во Африка речиси стагнираа (-5 отсто), но се зголемија во Северна Америка (+6 отсто) и со цели 38 отсто во земјите во транзиција. Силно е зголемувањето и во Јапонија и Австралија.

Во 2017-та година се очекува да се зголемат за 10%, но политичката несигурност поврзана претежно со Брегзит и новата американска администрација, може да ја одврати обновата, покажува извештајот на Конференцијата на ОН за трговија и развој (UNCTAD). 

„FDI“, кои се состојат главно од прекугранични спојувања и превземања (M&A) и инвестиции во стартап проекти во странство, се показател за трендовите во глобалните процеси и идните трговски врски.

Оваа година се очекува тие да започнат да се зголемуваат делумно под влијание на порастот на цените на суровините и добрата состојба на активноста во производниот сектор, посочуваат „AFP“.

Според директорот на одделот за инвестиции и вложувања во „UNCTAD“, Џејмс Џен „се наоѓаме во тежок период“, кога „сè може да се случи“.

Можеби ќе ве интересира

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

ШПАНСКИ ТУРИСТИ И БЛОГЕРИ ЈА ИСТРАЖУВААТ МАКЕДОНИЈА - ќе стане ли атрактивна за тамошните жители?

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

„ЕЛИТНИ ИЛИ ДОМАТ ТУРИСТИ“ - на море во претсезона поради цените, еве какви се цените во дел од познатите летувалишта

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Фински „Модирум“ презеде македонската ИТ компанија со 125 вработени

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Во куќа во Загреб живееле 30 странски работници, газдата наплаќал месечно 3.300 евра

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

Непалците возат автобуси, Турците градат згради, а Русите поправаат автомобили - каде исчезна локалната работна сила

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот