18 Мај, 2024
0.0619

Лајонсите ги засукаа ракавите, околината на Велешко во нов сјај

Објавено во: Мои пари 26 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Членовите на Лајонс клубовите “Центар” и “Кале” од Скопје, помогнати од Лајонс “Велес”, Општина Велес и јавното претпријатие Дервен денес буквално доброволно ги засукаа ракавите и ја исчистија околината на Велешко езеро.

Доброволна акција со назив “Чиста околина” беше организирана денес од страна на Лајонс клубовите “Центар” и “Кале” од Скопје со цел да се исчисти пешачката патека и крајбрежјето на Велешкото езеро “Младост” од отпадоци и дива трева. За оваа цел учество земаа и членовите на Лајонс клубот “Велес”,Лео клубовите, како и доброволци од Општина Велес и јавното претпријатие Дервен.Во рамките на својата дејност, подршка дадоа и компаниите Раде Кончар ТЕП, Руле Турс, Агротехна, Кохнгрес Травел Сервис, Конгресен Сервисен Центар, Солопром, БАСМЕ консалтинг и тренинг, Хаусмајстор домување, Горска вода и Сава осигурување.

“Целта на овој проект е да се одржи зелената патека која се протега долж езерото во состојба која ќе биде проодна и безбедна за посетителите. Тука сме денеска и за да го исчистиме отпадот од патеката. Овие наши цели во суштина имаат подлабоко значење, а тоа е поттикнување на свеста меѓу сите нас граѓаните дека квалитетот на сопствениот живот зависи од самите нас. Пораката која се стремиме да ја испратиме гласи-  ајде да бидеме одговорни за своето здравје со тоа што ќе креираме здрава околина за живеење.  ”- изјави Даниела Тилиќ, портпарол на Лајонс клуб “Центар”.

Меѓу доброволците кои денес го посетија Велешко имаше и членови од Лео клубовите, односно подмладокот на Лајонс.

“Се обидувам да учествувам во сите проекти во организација на искусните членови на Лајонс каде што мојата помош е потребна. Горд сум што сум дел од организација која ги негува хуманите вредности во сите свои активности, а хуманоста пак, најмногу се покажува со дела, а не со зборови.”- вели еден од Лео членовите.

Лајонс е најголема светска интернационална организација со 1.3 милиони членови организирани во 45.000 клубови во 205 држави. Првиот Лајонс клуб бил формиран во 1917 година, а негова примарна дејност, тогаш исто како и сега, било да се помогне на лицата кои имале заболување или попречување на видот како резултат на ран дијабетес.

За остварување на целите, Лајонс клубовите “Центар” и “Кале” од Скопје од минатата недела започнале со скрининзи за дијабетес кај деца од школска возраст. Во соработка со квалификувани медицински лица, Лајонси организирале тестирање на нивото на шеќер во крвта кај децата од ОУ Коле Неделковски, а во проектот ќе бидат опфатени сите основни училишта од Општина Центар во Скопје, од кои следно ќе биде ОУ Кирил и Методиј.


Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата