18 Мај, 2024
0.0269

Лабина Митевска не е повеќе директор на „Браќа Манаки“

Објавено во: Стил 19 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Битолскиот фестивал на кинематографите „Браќа Манаки“ оваа година ќе има нов директор. Актерката и продуцентка Лабина Митевска, која шест години се залагаше за овој фестивал, не конкурираше за време на дванаесет дневниот рок за позицијата директор. Таа изјави за весникот „Дневник“ дека повеќе сака да се посвети на својата актерска и продуцентска кариера. Од оваа година исто така, за финансирање на „Браќа Манаки“ е задолжена Агенцијата за филм, до која новиот директор на фестивалот треба да ја испрати својата програма најдоцна до 26ти февруари.