18 Мај, 2024
0.0288

Квантниот економски скок преку Национален развоен план: Фактор открива детали

Објавено во: Економија 01 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Владата ќе креира Национален развоен план за кој неделава почнува широка дискусија во која треба да бидат вклучени сите засегнати страни – коморите, синдикати, работодавачи, познавачи, експерти. Владата преку овој план кој практично треба да биде готов до крајот на годината планира да го реализира тој квантен економски скок за земјата за којвеќе зборуваат владините министри, но и премиерот Зоран Заев. Сепак во планот треба да има најмногу структурни политики кои нема да се краткорочни, туку треба да имаат ефект на среден рок, секако најмногу долгорочно. Вицепремиерот Фатмир Битиќи за Фактор вели дека никој во државата не се нафатил да прави ваков план досега. Затоа, како што потенцира, 30 години сме стоеле во место.

Првичната цел на Националниот развоен план е со тек на годините да се креираат политики кои ќе ја сменат структурата на домашниот брутодомашен производ (БДП). Во него, најголем удел има приватната потрошувачка која учествува со 65 отсто, потоа јавната со 15 отсто и само пет отсто е учеството на извозот. Битиќи вели дека останатите 25 проценти се креираниот БДП од реалната економија и развојниот план треба да го зголеми токму ова учество.


„Нас ни изминаа 30 години за да покажаме дека нешто се случува. Затоа некои политики се за да мотивираме луѓето кои се спремни да инвестираат да им укажеме дека треба да се зголеми сегментот во тие 25 отсто. Мора да знаеме дека бидејќи е така структуриран БДП, тоа не прави зависни но и многу ранливи. Затоа јас сум загрижен. Сепак сега сум оптимист затоа што ние имаме доволно знаење и знаеме дека сега е моментот да го направиме квантниот скок. А како тоа се прави – да седнеме и освен да решаваме проблеми кои доаѓаат  во моментов, да креираме политики кои на среден рок ќе имаат резултати, а да не зборуваме на долг рок. Сите сме зборувале во последните години за Националниот развоен план, кој е долгорочен ама никој не седнал да работи,. Ние неделава ќе го започнеме процесот на креирање на методологија и оваа година, цела 2021 година ќе работиме на Националниот развоен план, вели Битиќи.

Националниот развоен план ќе треба да ја даде рамката за сите политики ќе се креираат во следниот период. Битиќи вели дека тој ќе ја содржи визијата за тоа каква држава односно каква Македонија сакаме да видиме по 20 години. Вели дека ќе бидат прашани сите – неделава ќе почнат дискусиите, за веќе во април да почне и процесот на креирање на самиот план. Вицепремиерот очекува да е готов до крајот на годината. Планот ќе се прави во координација и со меѓународната заедница.

„Ни требаше 100 дена за да најдеме финансии, да најдеме луѓе и да почнеме. Планот нема и не треба да биде продукт само на Фатмир, тој и со него ќе треба да живеат и моите и децата на другите неистомисленици. Долгорочниот план ќе треба да ги убеди тие деца да останат во Македонија следните години. Затоа верувам во полемика, иако знам дека ако беше лесно ќе го имавме досега. Ние изгубивме 30 години – јас во 1990 година имав само 15 години, за жал сега сум 45 години и 30 години не се сеќавам што добро се случуваше во овој период, па да кажеме, ова добро го направивме, вели вицепремиерот.

Неделава во тек е и финализирањето на петиот пакет антикризни мерки. Премиерот Заев најави бришење на каматите на долговите на граѓаните но и многу други мерки

А.Т.

Интервју на вицепремиерот Фатмир Битиќи 


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра