КУПУВАЈ ЕВТИНО, ПРОДАВАЈ СКАПО: Книговодител заработува милиони
Објавено во: Финансии 15 Ноември, 2017
Купувај евтино и продавај скапо. Со помош на овој принцип, 28 годишниот Рајан Грант успеал да се збогати.
Дал отказ во фирмата каде бил книговодител и сега самиот заработува 130.000 евра годишно.
Тврди дека тоа може да го направи секој дури и ако има редовна работа.
„Брзо сфатив дека службеничката работа не ми одговара“ - вели тој.
Тој во Минеаполис работел како книговодител, но не бил задоволен.
Како студент на Амазон продавал стари учебници и сакал да се обиде со истото.
Тој одел во обиколка на продавници при што купувал апарати за домаќинство, играчки и видео игри кои се на распродажба.
Купувал во големи количини, а откако почнал да работи заработил 8 милиони долари, при што имал профит од 10 до 15%.
Во почеток работел по 10 часа месечно и заработувал 1000 долари.
По три месеци заработувал по 9000 евра месечно. Така било пред четири години, а денес заработува многу повеќе.