18 Мај, 2024
0.0266

„Купи куќа купи стан“ – Караванот продолжува и после Нова Година, колку се задоволни граѓаните?

Објавено во: Економија 01 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Купи куќа купи стан, сопствен дом само сон или не е така?

Надлежните велат интересот за проектот е задоволителен, се повеќе граѓани се заинтересирани за поволностите.

Караванот вчера беше во Свети Николе каде голем дел од храѓаните се интересирале како да дојдат до сопствен стан.

Тамошните власти видно задоволни велат дека а општината има за цел да им помогне на граѓаните како да дојдат до сопствен дом, преку понудата за продажба на градежни парцели, како за индивидуални куќи, така и за станбени згради.

Во тек е изградба на станбена зграда во која 25 семејства ќе може да добијат стан со аплицирање и искористување на мерките од  „Купи куќа, купи стан“.

Според градоначалникот Тасев Свети Николе има перспектива  имајќи во предвид дека веќе се гради и автопатот Миладиновци-Штип, кој поминува низ Свети Николе, со што, какошто рече, жителите на оваа општина за 20-тина минути можат да пристигнат до Скопје.

Од почетокот на проектот па досега 640 семејства ги искористиле поволностите кои ги нуди овој владин проект.

Задоволни од интересот на граѓаните се и банките. Како што информираат граѓаните повеќе се заинтересирани за купување станови, и тоа претежно млади брачни парови.

Најголема понуда до сега има во Скопје, каде и интересот е најголем.

Условите остануваат исти. Барателите на кредитот да немаат примања поголеми од 900 евра месечно, цената на недвижноста да не биде над 900 евра метар квадратен, а кредитот да не надминува 50.000 евра. Се бира меѓу два проекти- половина рата, при што Владата пет години отплаќа половина од месечната рата од станбениот кредитот или Владата да плаќа половина од учеството за да се добие станбен кредит. И кај двата модели каматната стапка е повластена, односно 4,99 проценти во првите три години, и 5,5 проценти во четвртата и петтата година кај првиот модел и еуролибор плус 4,5 проценти за цело време на проектот, кај вториот модел.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа