18 Мај, 2024
0.0276

Купи француска винарница: Што се има Јаневски надвор од Македонија

Објавено во: Економија 17 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Тиквеш ја финализираше процедурата за превеземање на француската винарница Chateau de Gourdon во областа Cote Du Rhone. Тоа денеска го потврди претседателот на Управниот одбор на компанијата, Светозар Јаневски, на настанот посветен на младото вино. Јаневски и е познат на македонската јавност доста, но тој е еден од македонските бизнисмени што доста добро котираат и надвор, ако присутноста на пазарот е критериум. Преку Тиквеш, Јаневски и македонските вина продреа длабоко на пазарот во земјите од Западен Балкан, но и пошироко, насекаде во светот.

А М6 инвестициската група е таа во која главен е Јаневски. Оваа група го купи Тиквеш во 2003 година, потег кој на Јаневски дополнително му даде тежина на епитетот кој веќе го имаше а тоа е крал на пијалоците.

Во 2017 Компанијата М6 стана закупец на Белградската индустрија за пиво БИП, а по преземањето самиот Јаневски тврдеше дека сака да го купи и хрватски Бадел.

Тиквеш со Јаневски е своевиден пионер во организираниот пласман на македонско вино со амбици на извозните пазари во САД, Велика Британија, Скандинавија, Кина.

А Јаневски е еден од најуспешните македонски бизнисмени кој уште од периодот на транзитните 90-ти па се до денес успева да ја одржи својата моќна позиција, а со текот на времето и да ја зајакне. 

Тој е познат по сопствеништвото во Скопска пивара, компанија чиј газда стана со приватизацијата. Иако фирмата стана повеќе од успешна, Јаневски ја напушти во 2011 година. Негов беше е синџирот Мекдолнадс, но тој во 2013 година целосно беше затворен.

Светозар Јаневски е добитник и на меѓународната награда „Креатори за столетијата“ за животно дело во претприемништвото. Престижната награда која ја добиваат најзаслужните за развојот на претприемништвото во Југоисточна Европа му беше доделена во рамките на самитот на претприемачите од регионот  - „300 Најдобри“.

„Отсекогаш цврсто сум верувал дека луѓето и нивниот професионален развој и мотивација се клучниот фактор за успехот на компанијата. Работата со нив, инвестициите во нивното професионално надградување, градење на вештини, изложување на најновите трендови се од огромно значење за создавање кадри кои ќе го носат и развиваат претприемачкиот дух. Уште поважно е тие луѓе да ги охрабрите да донесуваат одлуки, да размислуваат отворено и да не се плашат да преземат иницијатива и ризик“, говореше Јаневски во 2015-та кога ја доби наградата.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа