Кумановската Брза помош засилена со уште едно возило за превоз на заразени со Ковид 19
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 09 Април, 2020 06:53
Од Здравствен дом Куманово велат дека овој период откако е во ек коронакризата, Брзата помош кадровски е засилена, а деновиве од Владата добиле уште едно возило, со што сега имаат две возила за транспорт на пациенти заразени со коронавирусот.
Директорот Фарук Алили вели дека приоритет имаат луѓето кои се инфицирани со коронавирус, но и сите други итни случаи како сообраќајни несреќи, инфаркти, пациенти со срцеви болести и други.
„Работата во Брзата помош се одвива тековно, но можам да кажам дека бројот на повици е намален. Имаме две екипи за во градот, и две екипи кои се за луѓето заразени со Ковид 19. Сите вработени имаат заштитна опрема. И оние пациенти кои се наоѓаат на инфективното одделение во кумановската болница се пренесуваат во Скопје со нашите возила, а истото се прави доколку од Скопје се пуштаат на домашно лекување. Брзата помош е задолжена за транспортот. Сите вработени имаат дозволи за движење додека трае полицискиот час“, вели Алили.
Тој додава дека бидејќи стоматолошките ординации не работат периодов, кај нив во Здравствениот дом има стоматолошка служба која дава услуги на граѓаните.
Во Куманово има 130 заболени од Ковид 19. Неколку луѓе починаа, а заразени се и здравствени работници.
Вчера почина повозрасно лице и родилка на возраст од 27 години.
На 22 март почина 57 година жена како последица на комликации од коронавирусот.
Ова беше прв смртен случај во Македонија од Ковид 19.
Кај жената посмртно беше утврдено дека била заразена.
Починати има од Скопје, Тетово, Штип, Струга, Кочани.
Засилениот полициски час кој забранува движење за викендите, и движење од 16 до 5 часот следниот ден треба да придонесе за запирање на ширењето на епидемијата.
Сања Атанасовска* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





