КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство
Објавено во: Свет 23 Април, 2024
Укинати се конзуларните услуги за машките украински државјани на воена возраст во странство. Украинскиот шеф на дипломатијата, Дмитро Кулеба изјави дека украинската влада наскоро ќе издаде објаснување во врска со конзуларните услуги за воено способни мажи во странство.
Ова не важни за оние кои треба да се вратат во Украина. Министерството за надворешни работи на Украина не ја коментираше мерката, која се чини дека има за цел да го зголеми бројот на регрути за војната против Русија.
„Останувањето во странство не го ослободува граѓанинот од обврските кон неговата татковина“, рече Кулеба во објавата на X.Како што објави Униан, Кулеба додаде дека заштитата на правата и интересите на украинските граѓани во странство отсекогаш била и останува приоритет на МНР.
Русија го напаѓа често Харков, а вчера ја погоди и телевизиската кула.
Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.