Оваа мала куќа на плажата во Калифорнија се продава за сума од дури 449 000 долари. Интересно е дека има површина од само 44.5 квадратни метри. Високата цената на објектот е ставена поради извонредната локација - ем на плажа, ем во една од најпосакуваните области на Холивуд.
Куќата е изградена во 20-тите години и служи како викенд бунгалов. Иако е мала, во неа има дневна, спална соба, кујна и кабинет за работа. Во реонот домови имаат ѕвездите Кирстен Стјуарт, Роберт Патисон, сестрите Кардашијан.... Во близина е сместен и домот на ѕвездата од „Војна на ѕвездите“ Крис Паин чија куќа со површина 185 квадратни метри чини околу 3 милиони долари.
Во прилог неколку фотографии од малиот, но прескап имот:
КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?