Куба ќе ги враќа долговите со рум
Објавено во: Економија, Свет 16 Декември, 2016
Куба измисли необичен начин да го отплати долгот кон Чешка - со шишиња од познатиот рум, соопштија официјални претставници во Прага.
Чешкото Министерство за финансии објави дека Хавана го дала предлогот за време на неодамнешните разговори за прашањето.
Куба должи на чешките власти 276 милиони долари и ако предлогот биде прифатен, Чесите ќе имаат кубански рум, кој ќе им трае повеќе од еден век, забележува БиБиСи. Прага сепак преферира да добие барем дел од парите во готово. Долгот на Хавана е од времето на Студената војна, кога Чехословачка беше дел од комунистичкиот блок, потсетува БиБиСи.
Од чешкото Министерство за финансии посочија дека плаќањето е можно или со рум, или со лекови. Кубанските лекови сепак немаат сертификат за ЕУ.