Добивај вести на Viber
Куба најави дека ги ублажува условите за кредитирање на бизнисмени во обид да го стимулира зародишот на секторот на мал бизнис , пренесе " Асошиејтед прес " . Новите правила беа објавени во "Службен весник" оваа недела и објавени денеска од државните медиуми.
Тие им овозможуваат на бизнисмените да земат кредит од најмалку 1.000 пезоси или 41 долари, што е за една третина помалку од претходниот минимум. Условите на исплатата сега дозволуваат заемот да биде исплатен до 10 години , како и претседателите на банките во земјата во одредени случаи да можат да го продолжат овој рок.
Претходно оваа година на Кубанците им беше дозволено да ја користат сопственоста - недвижности и накит - како гаранција за кредити . Бројот на самовработените Кубанци во последните две години достигна речиси 444 000 луѓе или 9% од работоспособното население на островот , забележуваат агенциите .