Кршел во полициска станица во Куманово
Објавено во: Македонија 26 Март, 2024
МВР во полицискиот билтен извести дека 19-годишен кумановец нападнал полицаец а потоа искршил дел од инвентарот во полициската станица во Куманово.
„Вчера, во 21.45 часот, во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода 19-годишниот Н. П. од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Исто така, при приведувањето физички нападнал полициски службеник, а подоцна оштетил и дел од инвентар во просториите на СВР Куманово“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.