19 Мај, 2024
0.0260

КРИЗАТА НИ „ИЗЕДЕ“ 250 МИЛИОНИ ЕВРА ОД БДП, домашната економија порасна само 2,1 отсто

Објавено во: Економија 07 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Минималниот раст на Бруто домашниот производ во четвртиот квартал од минатата година е одраз на домашната економија, која е под силен удар од неповолните геополитички случувања, но и од домашните превирања.

Како што објави Државниот завод за статистика, во четвртиот квартал растот на домашниот БДП беше само 0,6 отсто, а на годишно ниво истиот достигнал 2,1 проценти.

Експертите укажуваат оти растот во последните три месеци е показател за состојбите, но и резултат на минималната инвестициска активност.

-  Забавувањето на економската активност е појасно видливо во четвртиот квартал од 2022 година, и со тоа целата година се заврши со 2,1 отсто раст, кој е во линија со очекувањата на домашната експертска јавност, а нешто понизок од проекциите на меѓународните институции. Да потсетам дека проекциите за 2022 пред да избувне конфликтот во Украина се движеа околу 4 проценти, така што изгубени се два процентни поена од БДП растот, којшто во апсолутна бројка е околу 250 милиони евра доход којшто веројтно ќе се создадеше ако не настанеше ова геополитичко-геоекономско поместување на Европскиот континент – укажува професорот Марјан Петрески.

Петрески за Фактор посочува дека сериозен удар врз растот на домашниот БДП зададе фактот што реалните доходи на населението и на фирмите се намалија, поради што и потрошувачката и инвестициската активност се потиснати.

-  Иако конкретно личната потрошувачка се' уште бележи солиден раст во К-4, но за целата година нејзиниот раст е 3,1 процент што споредено со растот од 8,1 отсто во 2021, е за околу 2,5 пати помалку. Во четвртиот квартал забележливо е и намалувањето на растот на увозот, што е посериозен знак на делување на трговскиот канал, односно падот на надворешната побарувачка, што е важно за целата економија, но и за фабриките во ТИРЗовите. Значи, тие два ефекта: падот на реалниот доход поради растот на цените и падот на номиналниот доход поради ослабувањето на надворешната побарувачка се главните одредници на растот на БДП 2022. Гледано секторски, широкопојасна е оваа стагнација кај секторите, со благ но перзистентен пад кај два важни сектора: индустријата и градежништвото, а со единствен исклучок трговијата која забележа значајна стапка на раст – појаснува Петрески.

Како што покажуваат податоците во првиот квартал од минатата година сме имале раст на БДП од 2,2 отсто, во втор квартал 4 проценти, додека во трет повторно 2 отсто. Со раст на БДП од 0,6 отсто во четвртиот квартал, цела година растот на БДП достигнува 2,1 процент.

Покрај фактот дека минатата година сме ја завршиле повторно со ниски стапки на економски раст, загрижува и податокот дека не се очекува значително забрзување на економијата ниту оваа година.


-  Перспективата за 2023 останува слична како и претходно, со потисната економска активност, слична на 2022, значи моменталните проекции се движат околу 2 до 2,5 отсто раст на реалниот БДП, што е под потенцијалниот раст, што значи ќе останеме во зоната на негативен производен јаз. Тоа укажува дека 2023 ќе биде далеку од сјајна, но исто така дека нема да искусиме продолжени негативни стапки на раст. И годинава годишната стапка на раст на цените се очекува да остане релативно висока, како резултат на пренесување на шокот врз пошироката потрошувачка кошничка, а во услови на никакво или минорно дејство на домашни фактори – објаснува професрот.

Сепак, тој додава дека позитивни вибрации овој период се изгледите кај инфлацијата.

-  Интересно е што во моментов изгледите кај инфлацијата се нешто поповолни од првичните очекувања, што ако остане така, тогаш може да создаде клима за повисока стапка на раст на БДП од првично проектираната. Меѓутоа, од друга страна, очекувам дека каналот на надворешната трговија ќе почне да влијае поинтензивно од досега, во контекст на стагнантните изгледи кај европските економии и затегнати монетарни политики кои ќе значат дека тенденцијата кај каматните стапки ќе остане нагорна – дополнува Петрески.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа