19 Мај, 2024
0.0273

Криза со буџетот во САД!

Објавено во: Свет 30 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Фискалната година на владата на САД завршува на 30 септември. Доколку до тој датум не се дефинира буџетот за наредната година настанува проблем од едноставна причина што нема пари милионската армија на федерални службеници. После 17 години САД повторно влегува во ваков проблем.

Како што знаеме законодавното тело на земјата е поделено на два дома: Претставничкиот дом во кој мнозинство имаат Републиканците и Сенатот во кој мнозинство имаат Демократите. Законите мора да пројдат во двата дома за да станат важечки. На сесијата одржана во текот на викендот со 231 глас за и 192 против преставничкиот дом изгласа одложување на таканаречениот Обамакер закон со кој се прави најголемата реформа во здравствениот систем во изминативе неколку декади во САД. Во основа целта е да се овозможи здравствено осигурување на секој жител на САД.

Со оглед на тоа дека во моментов постојат близу 40 милиони луѓе кои не се осигурани, републиканците сметаат дека ваквиот закон ќе го продлабочи веќе големиот дефицит со кој се соочува земјата и дека истиот е штетен за државата. Со ваквото гласање всушност се кочи буџетот за наредната година бидејќи Сенатот кој е контролиран од демократите нема да го потврди ова гласање. Во таква ситуација доколку не дојде до компромис САД влегува во процес во секој ден е битен.

Сепак треба да се знае дека ова не мора по дефиниција да биде апокалипска бидејќи ова ќе биде 18та ваква ситуација од 1976 година. На повеќе пати ваквите неусогласувања воделе до кочење на системот одреден број на денови. Последниот пат беше во времето на Бил Клинтон, период кога федералната влада беше условна блокирана 26 дена. На крајот како победник од целата ситуација излезе претседателот Клинтон кој доби втор мандат да ја раководи најглемата економија во светот.

Со започнувањето на процесот фукнционираат само најнеопходните институции од типот на војска, полиција, пошта, пожарна, метерологија, затвори, контрола на летови..Останати делови може да бидат приморани да работат но додека не се реши целата ситуација плата нема да има. Секако доколку таквата ситуација потрае подолго веројатно тоа ќе значи комплетен колапс на системот. Во првата фаза 700.000 луѓе од 2,1 милион вработени престануваат да одат на работа и притоа немаат гаранција деќе ќе добијат пари за времето поминато дома, дури и кога кризата би завршила.

Токму поради тоа тешко е за верување дека законодавците сами ќе си ја уништат државата. Како и обично и ова е мерење на мускули со цел да се види кој е посилен. Обама е решен да го комлетира неговиот план за здравствено осгурување за сите додека Републиканците ќе сторат да го попречат во тоа, барајќи разни отстапки. Згора на сето ова веќе на 17 октомври овие два дома ќе мораат да изгласаат зголемување на лимитот на јавниот долг кој стигнува до законскиот плафон. Така да веројатно во наредниве 20 дена ќе бидеме сведоци на многу игри кои ќе се играат зад кулисите и за кои ќе дознаваме благодарение на инсајдерите во двата тима.

Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)