18 Мај, 2024
0.0260

Криза: Граѓаните ги чувале еврата дома, ама и не купувале многу

Објавено во: Економија 20 Август, 2020

Добивај вести на Viber

Пандемијата на Ковид 19 го погоди здравството, но и економијата. Светот влезе во рецесија, а македонската економија трпи штети во повеќе сегменти. Народната банка ги анализира ефектите на кризата врз менувачкиот пазар кој е еден од важните канали на пренос на шокови во македонската економија. Минатите кризи го покажале тоа – ефекти на пазарот на девизи има и сега. Анализата на Народната банка покажува дека од март до крајот на јуни понудата на девизи кај банките била намалена за безмалку 50 отсто, додека кај менувачниците граѓаните и фирмите побарале за дури 60 отсто помалку девизи од претходно. Тоа значи дек аграѓаните ги чувале своите пари и дури и не барале да купат девизи.

„Ваквиот висок пад на понудата е некарактеристичен, бидејќи досегашните кризни епизоди се одразувале врз менувачкиот пазар преку засилено зголемување на побарувачката за девизи, додека поголеми приспособувања на страната на понудата немаше. Од друга страна, наспроти досегашната реакција на побарувачката при одредена нестабилност од политичка или економска природа, често проследени со шпекулации за стабилноста на банкарскиот систем и на домашната валута, тековната состојба предизвикана од пандемијата поради вирусот ковид-19 не доведе до зголемување на побарувачката на девизни средства на менувачкиот пазар, анализира Народната банка.

Во овој период во споредба со истиот лани побарувачката на девизи забележала пад од 30 проценти, што најмногу се должело на намалената побарувачка на девизни средства кај менувачниците. Од Народната банка велат дека причините за ваквата реакција на менувачкиот пазар се должи и на фактот што голем дел од приливите се резултат на дознаките од иселениците во готовина, коишто поради затворените граници и ограниченото движење, изостанале во овој период.

„Според Светската банка глобалната криза предизвикана од вирусот ќе ги намали дознаките на светско ниво за околу 20 проценти, што би претставувало најдлабок пад во скорешната историја. Очекуваното синхронизирано намалување на економската активност кај поголем дел од земјите негативно влијае врз вработеноста и приходите на глобално ниво, а со тоа и врз расположливиот доход и врз можноста за праќање позначителен дел од доходот на иселениците назад во матичната економија во форма на официјални или неформални дознаки. Покрај ова, тековната состојба негативно се одразува и врз привремените работници во странство поради неможноста за патување и остварување работен однос во периодот на забрана на влез во земјите од ЕУ, коишто воедно се најчестиот пазар на труд за нашите привремени работници, стои во анализата.

Менувачкиот пазар впрочем е огледало на промената во расположението и довербата на населението. Во случај на криза прва и најчесто краткотрајна реакција на поголема неизвесност е зголемената побарувачка на девизи.

Инаку готовинските текови од менувачкото работење се најзастапената компонента во суфицитот на секундарниот доход и воедно тоа е категорија којашто во изминатите десет години, во просек, финансира 75 отсто од дефицитот во размената со стоки и услуги.

Во трите поголеми кризи во змејава безбедносната криза во 2001 година, светската економска криза 2008-2009 година и политичката криза во 2016 година имаше поголем притисок и побарувачка за девизи.

За тековната криза е својствено позначителното намалување на понудата, додека притисоците на страната на побарувачката изостануваат, а истовремено менувачите се попогоден сегмент, каде што е забележано големо намалување на нето откупената ефектива.

Фактор веќе пишуваше за вкупната сума на разменети девизи за време на кризата.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра