01 Мај, 2024
0.0273

Кривична за штипскиот градоначалник, Захариев обвинува за политичка пресметка

Објавено во: Македонија 21 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Штип кој ќе се трка за нов мандат заработи кривична пријава.

Штипската полиција го обвинува Илчо Захариев за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.

Според МВР, Захариев склучил штетен договор со фирма од Штип, спротивно на законските прописи и без наведен основ за склучување.

Захариев, според кривичната пријава, наместо да и наплати на фирмата околу 1,8 милиони денари за уредување на градежно земјиште за изградба на објект со локација во Индустриската зона Запад во Штип, тој и наплатил само  околу 300.000 денари.

Градоначалникот пак тврди се работи за политичка пресметка и не е изненаден на стартот на изборната кампања да се соочи со вакви напади.

„За мене не е изненадување во овој период да следуваат кривични пријави, можеби и повеќе ќе има – во изборна кампања сме. Јас сум кандидат за градоначалник, нивниот кандидат, најверојатно, има потреба од ваква поддршка за да може да освои некој поен кај граѓаните. Веднаш да кажам дека за овие 4 години Захариев работеше законито, професионално и одговорно, што резултира со 450 проекти. Тие проекти се градат и најверојатно им пречат на политичките конкуренти и кога сме во изборен период тие поднесуваат кривична пријава“, се вели во реакцијата на градоначалникот на Штип, Илчо Захариев, за кого полицијата денеска поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување.

Захариев соопштува дека станува збор за компанијата „Актива“ и за објект на улицата Гоце Дечев. 

Оваа компанија со преддоговор платила 1,5 милион денари за комуналии. „Во меѓувреме таа компанија го направила објектот иако немала одобрение за градење и со Законот за легализацијата го легализира и за тоа си плати. Подоцна го дооформи објектот, но останаа да висат 1,5 милион денари за комуналии. Објектот веќе е легализиран по друг основ. Општина Штип требаше да биде тужена од страна на „Актива“ за тие 1,5 милион денари од страна на ЈП „Штип проект“ да бидат вратени и тоа со камати. За среќа, „Актива“ почна да гради нов објект, а тоа е „Актива аутомотив“ во индустриската зона Запад со белгиски „Ван Хул“ и тоа беше шанса да се пребиеме бидејќи за објектот направен во 2004, кога јас не сум бил градоначалник, а со Законот за легализацијата си платија, висеа 1,5 милион денари за комуналии. Ние моравме да ги враќаме тие пари назад“, вели Захариев.

Според него, предметот е кристално чист и ова е политичка пресметка,. „И македонската и штипската јавност треба да знае дека за секој проект од страна на полциијата во изминатите 4 години следуваше кривична пријава. Имаше над 40 истраги и ниедна кривична пријава не е процесирана, што е доказ за мојата чесност и одговорност. Ние никогаш нема да дозволиме, а посебно јас, да направаме нешто што ќе биде незаконито. Ние се радуваме што „Актива“ направи огромна фабрика, а сега гради и втор погон и вработи над 350 лица. До денер ѝ исплатила сè на Општината и беше фер и коректна и не нè тужеше за тие 1,5 милион денари за да ги вратиме и плус камати. Мислам дека овој предмет треба Обвинителството да го истражи докрај и да покаже колку МВР работи во прилог на една политичка партија. Ние спокојно ја продолжуваме кампањата, за нас нема дилеми и ние сме убедени во победа на 15 октомври, и тоа со резултат 3:1, така што таквата помош на слабиот противкандидат и конкурент на другата партија не му требаше во овој момент“, се вели во реакцијата на Захариев.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Панче Тошковски вели дека Палевски ќе биде екстрадиран во најкраток рок

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

AНТОНИО МИЛОШОСКИ: Супер е шишање кај бербер со слична фризура

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ПЕНДАРОВСКИ: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ТОШКОВСКИ: Во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ЗАВРШЕНИ СЕ ПОТРЕБНИТЕ ПРОЦЕДУРИ: Полицијата веќе почна со организацијата на екстрадицијата на Палевски

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

ПЕНДАРОВСКИ: Kaко Силјановска Давкова ги обезбедила тие информации дека во ДУИ има поделба?

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јавна тајна е дека внатре во ДУИ има две струи, едните за, едните против

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

СЕ „ЕВАКУИРА“ СКОПЈЕ: Луѓето се упатија кон Грција

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија

ДУИ ДО МИЦКОСКИ: Вокабуларот е агенда на Москва и Путин кои сакаат да ја дестабилизираат Македонија