Кривична пријава од МВР: Ги навредувал Ромите и муслиманите во Македонија
Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2020
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, казниво по член 394-г од Кривичниот законик.
Пријавениот на 28.05.2020 на социјалната мрежа фејсбук објавил текст кој содржел говор на омраза, а претходно министерот за внатрешни рабопти Наќе Чулев објави дека истиот бил пријавен од пратеникот Самка Ибраимовски дека во периодот по Рамазан Бајрам на социјалните мрежи ги навредувал Ромите и муслиманите.
И. Ѓ. (30) од Скопје во повеќе наврати објавил постови со кои шири говор на омраза кон ромската заедница и муслиманите.