18 Мај, 2024
0.0267

КРЕДИТ ЗА ГАСИФИКАЦИЈА 90 МИЛИОНИ ЕВРА: Владата ќе може да го користи и за буџетска поддршка!

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Владата планира да се задолжи 90 милиони евра за гасификација, односно за прва фаза од делницата Штип-Неготино – Битола и делница Скопје-Тетово-Гостивар. Законот за задолжувањето е веќе во собраниска процедура и се планира да биде донесен по скратена постапка.

Според предлог законот, потребните 90 милиони евра, владата планира да ги земе како кредит од Дојче Банк и Ерсте Банк.

Министерството за финансии на 16 јули годинава доставило писма за изразување на интерес доповеќе странски банки, со цел да достават понуди за потенцијално финансирање на проектот. Понуди стигнале од Societe Generale, Merrill Lynch, Credit Suisse и заедничка понуда од Deutsche Bank и Erste Group Bank.

„Согласно направената анализа на доставените понуди за финансирање, заедничката понуда од Deutsche Bank и Erste Group Bank е најповолна во споредба со понудите на останатите банки“ објаснуваат од Министерството за финансии во предлог законот.

Парите може да се користат и за буџетска поддршка?

Реализацијата на оваа прва фаза од  проектот треба да почне од 2015 година и да заврши во  2019 година. А во предлог законот Владата предвидува дека парите што ќе се земат како заем за гасификација во одредени околности ќе може да се користат за буџетска подршка.

„Користењето на средствата ќе се врши согласно планот за повлекувања на средства од заемот, утврден во Договорот за заем, а во случај кога планот за повлекување на средствата ќе отстапува од динамиката на реализација на проектот, средствата ќе се користат за буџетска поддршка“, се наведува во предлог законот.

Рокот на отплата на заемот е 7 години со вклучен грејс период од 3 години.

„Каматната стапка ќе се пресметува како збир од 6м EURIBOR +· маргина од 450bps. Договорот за заем предвидува можност за фиксирање на каматната стапка до крајот на периодот на отплата на заемот, при што истата ќе се утврди на денот на потпишување на договорот како збир од маргината од 450bps и варијабилен спред кој ќе се пресметува како збир од 5 годишен своп за евро валута и 0,40%, објаснуваат од Министерството за финансии во предлог законот.

А како дополнителни трошоци се предивдени и тие што  по склучување на Договорот за заем, а пред првото повлекување на средства, ќе се плати еднократна провизија во износ од 1,50% од вкупниот износ на заемот. Додека на  износот на неповлечените средства од заемот ќе се плаќа провизија во износ од 2,47%.

Парите што државата ќе ги земе со овој заем, потоа ќе се препозајмат на Македонски енергетски ресурси АД Скопје, компанија која треба да го имлементира  овој проект. Надзор над работата и реализацијата на проектот ќе врши Министерството за транспорт и врски. Министерството за финансии, Минстерството за транспорт и врски и Македонски енергетски ресурси АД Скопје ќе склучат посебен Договор за регулирање на меѓусебните права и обврски во имплементацијата на проектот.

С.Н.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа